Browsing: СПОРТ

Причина е нападот врз тројца играчи на „црвено-белите“ на сплитската ривиера попладнево пришто двајцата успеале да побегнат, а третиот се спасил со скок во море. Инцидентот што бил пријавен околу 13.40 часот го потврди и хрватската полиција

Главниот град на БиХ ја доби трката за организација на 14. Зимски олимписки игри во конкуренција на Сапоро (Јапонија) и Гетеборг (Шведска). Јуре Франко го освои првио и единствен медал за поранешната држава, настанот беше пресвртница во кариерите на Катарина Вит која ја претставуваше Источна Германија во уметничко лизгање, нејзиниот американски колега Скот Хамилтон и „летечкиот Финец“, Мати Никенен кој почина пред неколку денови во 55 година од животот

Капитенот на репрезентацијата на Србија одлета преку барата во летото во 2017 година, но не успеа да остави впечаток како на европските паркети. Бројни клубови на стариот континент го посакуваат во своите ростери, а меѓу нив и турски Анадолу Ефес

За 5.000 медали, како што стои во соопштението на организаторите на ОИ 2020, потребно е да се извадат два тона злато, сребро и бронза. Колку за споредба, за одличјата за ОИ 2012 во Лондон се потрошија 9,6 килограми злато, 710 килограми сребро и 1,3 тони бронза

Безживотното тело на Аргентинецот беше извадено и идентификувано по падот на авионот „пајпер“ во Ла Манш. Потврда на наодите од обдукцијата стигна и од британската полиција по што последен поздрав упати и Кардиф, клуб во кој младиот напаѓач направи трансфер од Нант за 17 милиони евра

Засега не е идентификувана ниту една од жртвите за кои се знае дека се возрасни меѓу 14 и 17 години. Покрај десетте загинати, повредени се и три лица кои се хоспитализирани по трагичниот настан во центарот „Нињо де Урубу“ што е реновиран пред два месеца за што, според агенцијата „Ројтерс“ се потрошиле 23 милиони реали (4,8 милиони фунти или 6,2 милиони евра)

Ракометарите на Вардар со доминантна игра вечерва забележаа значајна победа со 30:27 на гостувањето кај Рајн Некар Левен во 11.коло од Лигата на шампионите. Ова беше седма победа, втора оваа сезона за македонскиот тим во десетте меѓусебни средби со РНЛ.

„Специјалниот“ беше обвинет дека во периодот 2011-2012 како менаџер на Реал Мадрид не пријавил приход од маркетиншки ангажман од 3,3 милиони евра за што е казнет со два милиона евра што прифати да ја плати, но, според шпанските закони, нема да заврши зад решетки бидејќи санкцијата изречена за период помал од две години

Леталото од типот „пајпер“, што исчезна од радарите на 21 јануари, е лоцирано на дно на морето, пренесува британскиот ТВ сервис. Приватната агенција (ААИБ) што беше ангажирана од семејството на аргентинскиот напаѓач ја извести јавноста дека нема да презема натамошни чекори