Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инцидент во Сплит: Нападнати ватерполисти на Ц. звезда, еден се спасил со скок во море (Видео)

0
By Нова ТВ on February 9, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 9, 2019 21:46

Мечот меѓу Морнар и Црвена звезда што требаше да се одигра во Сплит во рамки на регионалната ватерполо лига е одложен. Причина е нападот врз тројца играчи на „црвено-белите“ на сплитската ривиера попладнево пришто двајцата успеале да побегнат, а третиот се спасил со скок во море. Инцидентот што бил пријавен околу 13.40 часот го потврди и хрватската полиција.

„Еден од нападнатите ватерполисти се спасил во скок во море, а другите двајца побегнале. До нашето појавување на место на настанот, напаѓачите се разбегале. На момчето кое скокнало во море му понудивме медицинска помош, но ја одби. Немаше видливи повреди. Го отпративме до хотелот каде разговаравме со него и со останатите двајца кои успеале да побегнат. Паралелно со тоа, трагаме и по напаѓачите“, изјави Жељка Радошевиќ од сплитската полиција за хрватската новинска агенција ХИНА.

Неофицијално, нападот врз ватерполистите на Црвена звезда бил изненаден. Пред инцидентот, гостите од Белград биле во прошетка на сплитската ривиера и, според шпекулациите на ХИНА, „на локалните момчиња веројатно им паднало во очи тоа што сите биле облечени во маички на својот тим“.

Министерството за надворешни работи на Хрватска најави испраќање на протестна нота на Хрватска поради инцидентот во Сплит во кој беа нападнати ватерполисти на Црвена звезда, најави шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ за РТС.

„Ќе бараме пронаоѓање на напаѓачите и нивно казнување“, додаде Дачиќ.

Црвена звезда вечерва требаше да гостува на екипата на Морнар на базенот на „Пољуд“ во регионалната лига во ватерполо, но натпреварот е одложен. Раководството на „црвено-белите“ свика вонредна прес-конференција во Белград на која истакна дека ватерполистите биле нападнати од хулигани со шипки бидејќи келнерот во кафе-барот во кој седеле го забележал грбот на Црвена звезда на нивната гардероба.

Ватерполо Инцидент Морнар Сплит Црвена Звезда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.