Browsing: СПОРТ

„Црвено-жолтите“ триумфираа и на Црна Гора со 29:28 и се промовираа како сигурни учесници во наредната фаза на 13. Европско првенство во Хрватска. Кузмановски беше најефикасен со шест гола, капитенот Лазаров, Миркуловски, Манасков реализираа по четири за преземање на лидерската позиција на табелата во групата Ц пред судирот со актуелниот континентален првак Германија во среда од 18,15 часот

Францускиот менаџер, според извори што важат за добро информирани, сака што поскоро да го комплетира трансферот на Габонецот кој меѓу „топчиите“ би пристигнал како замена за Алексис Санчез иако Кина се споменуваше како можна наредна дестинација во кариерата на напаѓаќот на Борусија Дортмунд

„Црвено-жолтите“ за првпат почнуваат со победа на еден континентален турнир, во случајот во Хрватска. Во премиерниот настап се совладани „змајчеки“ на Веселин Вујовиќ со 25:24. Ако треба да се издвои некој, тоа сигурно се голманот Никола Митревски со неговите интервенции во првото полувреме и Дејан Манасков со осум гола и Кире Лазаров со седум. Утре е слободен ден, во понеделник (20,30 ч.) Македонија во дуел со Црна Гора