Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: СПОРТ
Австриецот до вториот триумф (6:4, 6:3) во шестото соочување со Шпанецот стигна за час и 51 минута и во полуфиналето го чека подобриот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Дел Потро. Првата двојка што ќе игра за меч за титула во Вечниот град ја формираа Американецот Џон Изнер и Германецот Александар Зверев
Шпанскиот селектор Хулен Лопатеги одбра силна репрезентација за квалификацискиот меч со репрезентацијата на Македонија. Младите перспективни играчи на Реал Мадрид,…
Вкупниот трошок на зафатите во објектот што е целосно климатизиран се проценува на 122 милиона долари. Гледачите во него ќе може да уживаат во спортските претстави на темперетура од 24 степени Целзиусови што во тек на годината ќе се движи меѓу 24 и 28 степени. Денеска во него се игра финалето на Купот на Емирот, а во 2019 година ќе има и СП во атлетика
Францускиот репрезентативец за кого е заинтересирана пола Европа дава предност на италијанскиот првак во мечот за титулата на 3 јуни во Кардиф. Неговиот Атлетико во полуфиналето беше елиминиран од Реал Мадрид
Репрезентативецот на Гана е награден со нов договор за игрите во Примера во оваа сезона. Во 29 меча постигна 10 гола што беа доволна препорака за управата на клубот да го врзе на подолг рок
Од шведскиот фудбалски сојуз тврдат дека на член на тимот од Стокхолм во вторникот му била понудена голема сума на пари да „помогне за пораз на неговата екипа“. Натпреварот беше закажан за попладнево во 19 часот
Актуелниот договорот на рускиот интернационалец со македонскиот првак беше со важност до јуни, но „црвено-црното“ десно крило се обврза да остане во Скопје уште 12 месеци
„Кнезовите“ на „Луј Втори“ го поразија Сент Етјен со 2:0 и на едно коло до крајот на сезоната имаат недостижни шест бода повече од ПСЖ на второто место
„Бјанконерите“ во финалето на „Олимпико“ го совладаа Лацио со 2:0 со головите на Алвеш во 12 минута и на Бонучи во 24. Покрај титулата во Серија А, тимот на Алегри е пред шанса и за тројна круна
По цели 16 години, битолскиот тим повторно се закити со трофејот. Пелистер победи во 25-то финале на фудбалскиот Куп на…
Целта, како што се наведува во соопштение на АТП, е забрзување и модернизација на играта и ќе бидат тестирани на завршниот турнир во млада конкуренција во ноември во Милано
Агенцијата за млади и спорт (АМС) насочи 5,2 милиони денари за ракометарите, по 4 милиони за фудбалерите и за кошаркарите и 1,5 денари за каратистите како поддршка на нивните настапи на меѓународната сцена, но и за организација на меѓународни натпреварувања чиј домаќин е Македонија