Елина Свитолина и Симона Халеп ќе играат во женското финале на Мастерсот во Рим. Украинката мина само 22 минути на терен во полуфиналето против Гарбине Мугуруза и водеше со 4:1 во моментот кога Шпанката реши да го предаде мечот. Утрешниот меч за титулата ќе биде четврти за Свитолина во 2017 година. Досегашните три во Куала Лумпур, во Дубаи и во Истанбул ги реши во своја корист.

Халеп, пак, се проби со финале по победата против Кики Бертенс. Романката во полуфиналето славеше со 7:5, 6:1 што е нејзин трет триумф во исто толку мечеви со холандската тенисерка.

Александар Зверев е прв финалист на машкиот дел од римскиот Мастерс, откако со 6:4, 6:7, 6:1 го елиминира Американецот Џон Изнер. Негов противник за титулата ќе биде подобриот од второто полуфинале меѓу Доминик Тим од Австрија и Новак Ѓоковиќ.