Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тенис: Ѓоковиќ со две победи во еден ден до финале во Рим

0
By Нова ТВ on May 20, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 20, 2017 23:33

Новак Ѓоковиќ со совршен настап против Доминик Тим се пласира во финалето на Мастерсот во Рим. Во, можеби, најдоброто издание во 2017 година, Србинот го декласира Австриецот со 6:1, 6:0 и закажа дуел со Александар Зверев за тенискиот трон во италијанската престолнина. Неколку часа претходно тој го совлада и Хуан Мартин дел Потро во четврт-финалето што беше прекинато поради дожд во петокот навечер.

„Не постои сомнеж дека мечот со Тим е мој најдобар во оваа година. Можеби и подолг период наназад. Што да кажам освен дека одиграв совршено. Направив се што сакав. Бев задоволен и среќен во секоја минута што ја минав на терен“, рече Ѓоковиќ по пласманот во финале.

А, во мечот за титулата го чека противник со кој нема играно досега. Двете победи во еден ден во голема мера ја кренаа самодовербата кај него, го вратија чувството на супериорност и потсетија на деновите во кои владееше со светскиот тенис. Но, она што е најважно е најавата за драстичен подем во играта за разлика од Мастерсот во Мадрид, а пред вториот гренслем во сезоната – Ролан Гарос.

„Формата е постојано во нагорна линија. Не дојде одеднаш. Мислам дека играв добро и во Монте Карло, па и во Мадрид, но како одминува време, се чувствувам сè подобро на терен. Достигнувањето на ова ниво е процес што се надевам дека ќе продолжи. Ќе дадам максимум за освојување на титулата. Во изминатите десет месеци го загубив задволството кога играм, сега тоа чувство се враќа“, најави српскиот тенисер.

Во женското финале ќе се пресметаат Елина Свитолина од Украина и Романката Симона Халеп.

АТП Мастерс Новак Ѓоковиќ Рим тенис финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.