Browsing: СПОРТ

Репрезентативецот на Црна Гора го продолжи договорот со македонскиот шампион. Оваа сезона постигна 89 гола за „црвено-црните“ од кои 41 во Лигата на шампиони и 48 во СЕХА лигата и полека, но сигурно, се наметнува како важна алка во синџирот на Раул Гонзалез

Евентуално освојување на трофејот на 24 мај во Стокхолм против Ајакс, според Португалецот, би било и совршен крај на тековната сезона за „црвените ѓаволи“ со оглед дека се шести на табелата во Премиерлигата на три кола до крајот на првенството

За титулата во елитното натпреварување во Кардиф на 3 јуни играат Реал Мадрид и Јувентус, девет дена претходно во Стокхолм ќе се пресметаат Манчестер Ј. и Ајакс во вториот европски фудбалски ранг. Победниците од двата меча ќе се судрат на 8 август во Скопје за трофејот во континенталниот Суперкуп

„Отровните стрели“ на ирската фудбалска легенда доаѓаат во пресрет на реванш полуфиналниот дуел на „црвените ѓаволи“ против Селта во Лига Европа. Олимпик Лион, пак, е домаќин на Ајакс во вториот дуел на вечерашниот репертоар

Атлетико вечерва славеше на „Висенте Калдерон“ со 2:1, но „кралскиот“ клуб ќе истрча на „Милениум“ во Кардиф на 3 јуни на мегдан со италијанскиот првак благодарение на убедливиот триумф со 3:0 на првата средба

Функцијата, според најавите, ќе ја преземе на крајот на сезоната по завршување на обврските кон Фенербахче чиј тренер е во моментот. Негов асистент во работата со националниот тим ќе биде Руд Гулит