Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атлетика, Дијамантска лига: Манјонга и Џексон со рекорди во Шангај

0
By Нова ТВ on May 14, 2017 СПОРТ
Фото: iaaf.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 14, 2017 10:24

Јужоафриканецот Луво Манјонга, Американецот Бершон Џексон и Елејн Томпсон од Јамајка во фокусот на атлетскиот митинг во Шангај, втор за оваа сезона во рамки на Дијамантската лига.

Манјонга имаше одличен настап во скок во далечина. Го освои златниот медал со прескокнати 8,61 метри што претставува и нов рекорд во елитното натпреварување на „кралицата на спортовите“. Неговата изведба Шангај беше за седум сантиметри подобра од онаа на Американецот Мичел Ват пред шест години во Стокхолм. Среброто и бронзата во дисциплината завршија кај домашните натпреварувачи. Втор беше Ксинлонг Гао (8,22 метри), а трет Чангжу Хуанг (8,20 метри).

Фото: iaaf.org

„Патеката беше многу брза што ми создаваше проблеми и нервоза. Направив три престапи, не успеав до посакуваните 8,80 метри, но знам дека ќе дојде и таа далечина“, рече Манјонга по победата.

Атлетскиот митинг во Шангај има нов најдобар резултат на 400 метри со пречки во машка конкуренција. Сопственост е на Џексон кој делницата ја истрча со време од 48,63 секунди што е за 14 стотинки подобро од резултатот на Мајкл Тинсли од САД пред три години. Второто место го освои Ел Џи Ван Зул од Ј. Африка (49,35 сек.), трет во целта влезе Естонецот Расмус Маги (49,38 сек.).

Фото: iaaf.org

„Одлично се чувствував, одлично поминав. Минатата година имав очајна сезона. Го загубив татко ми и најдобриот пријател, но оваа сум овде и во целост сум психолошки подготвен. Последна е во мојата кариерата и сакам да се простам со стил“, најави Џексон.

Елејн Томпсон е девојката со ново најдобро време во сезоната во трките на 100 метри. Спринтерката од Јамајка е првата што успеа да оствари резултат под 10,8 секунди, а времето со кое триумфира во Шангај беше 10,78 секунди. Американката Тори Боуви истрча до сребрениот медал со време 11,04 секунди, бронзениот заврпи на градите на Мери Жозе Та Лу од Брегот на слоновата коска (11,07 сек.).

„Задоволна сум. Имав одличен старт и одлично ја одработив трката. Заминувам дома на подготовки за првенството на Јамајка по што ќе се фокусирам и на Светското првенство“, нагласи Томпсон.

Годинашното издание на Дијамантската лига, по Доха и Шангај, продолжува на 27 мај со митинг во Јуџин, САД.

Резултати од атлетскиот митинг во Шангај во рамки на Дијамантската лига

МАЖИ

100 метри

Бингтиан Су (Кина) 10,09 сек.

Мајкл Роџерс (САД) 10,13 сек.

Бен Јусеф Меите (Брегот на слоновата коска) 10,15 сек.

110 метри со пречки

Омар Меклод (Јамајка) 13,09 сек.

Орландо Ортега (Шпанија) 13,15 сек.

Венју Ксие (Кина) 13,31 сек.

200 метри

Ноа Лајлс (САД) 19,90 сек.

ЛаШон Мерит (САД) 20,27 сек.

Адам Џемили (В. Британија) 20,35 сек.

400 метри со пречки

Бершон Џексон (САД) 48,63 сек.

Ел Џи Ван Зул (Ј. Африка) 49,35 сек.

Расмус Маги (Естонија) 49,38 сек.

800 метри

Кипјегон Бет (Кенија) 1:44,70 мин.

Роберт Бивот (Кенија) 1:45,15 мин.

Фергусон Черијот Ротич (Кенија) 1:45,17 мин.

Скок во височина

Еса Мутаз Баршим (Катар) 2,33 метри

Ју Ванг (Кина) 2,30 метри

Андриј Проценко (Украина) 2,27 метри

Скок со стап

Сем Кендрикс (САД) 5,88 метри

Рено Лавиление (Франција) 5,83 метри

Шон Барбер (Канада) 5,60 метри

Скок во далечина

Луво Манјонга (Ј. Африка) 8,61 метри

Ксинлонг Гао (Кина) 8,22 метри

Чангжу Хуанг (Кина) 8,20 метри

Фрлање диск

Филип Миланов (Белгија) 64,94 метри

Пјотр Малаховски (Полска) 64,36 метри

Даниел Стал (Шведска) 64,14 метри

ЖЕНИ

100 метри

Елејн Томпсон (Јамајка) 10,78 сек.

Тори Боуви (САД) 11,04 сек.

Мери Жозе Та Лу (Брегот на слоновата коска) 11,07 сек.

400 метри

Шони Милер-Уибо (Бахами) 49,77 сек.

Наташа Хастингс (САД) 50,74 сек.

Олха Земљак (Украина) 50,89 сек.

1.500 метри

Фејт Кипјегон (Кенија) 3:59,22 мин.

Давит Сејаум (Етиопија) 4:00,52 мин.

Бесу Садо (Етиопија) 4:03,10 мин.

3.000 метри со пречки

Рут Јебет (Бахреин) 9:04,78 мин.

Хивин Кијенг (Кенија) 9:06,72 мин.

Селифин Чептек Чеспол (Кенија) 9:07,08 мин.

5.000 метри

Хелен Обири (Кенија) 14:22,47 мин.

Сенбере Тефери (Етиопија) 14:31,76 мин.

Летесенбет Гидеј (Етиопија) 14:36,84 мин.

Фрлање ѓуле 

Лијао Гонг (Кина) 19,46 метри

Даниела Банч (САД) 18,98 метри

Анита Мартон (Унгарија) 18,69 метри

атлетика Бершон Џексон Дијамантска лига Елејн Томпсон Луво Манјонга Шангај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.