Browsing: СПОРТ

Вкупниот трошок на зафатите во објектот што е целосно климатизиран се проценува на 122 милиона долари. Гледачите во него ќе може да уживаат во спортските претстави на темперетура од 24 степени Целзиусови што во тек на годината ќе се движи меѓу 24 и 28 степени. Денеска во него се игра финалето на Купот на Емирот, а во 2019 година ќе има и СП во атлетика

Францускиот репрезентативец за кого е заинтересирана пола Европа дава предност на италијанскиот првак во мечот за титулата на 3 јуни во Кардиф. Неговиот Атлетико во полуфиналето беше елиминиран од Реал Мадрид

Од шведскиот фудбалски сојуз тврдат дека на член на тимот од Стокхолм во вторникот му била понудена голема сума на пари да „помогне за пораз на неговата екипа“. Натпреварот беше закажан за попладнево во 19 часот

„Бјанконерите“ во финалето на „Олимпико“ го совладаа Лацио со 2:0 со головите на Алвеш во 12 минута и на Бонучи во 24. Покрај титулата во Серија А, тимот на Алегри е пред шанса и за тројна круна

Агенцијата за млади и спорт (АМС) насочи 5,2 милиони денари за ракометарите, по 4 милиони за фудбалерите и за кошаркарите и 1,5 денари за каратистите како поддршка на нивните настапи на меѓународната сцена, но и за организација на меѓународни натпреварувања чиј домаќин е Македонија

Русинката поднесе барање за настап на вториот годинашен гренслем што беше одбиено по неколку неделно разгледување на случајот од Француската тениска асоцијација (ФФТ). Образложението е дека се враќа на терен по допинг скандалот и двегодишната суспензијата што во меѓувреме беше намалена на 15 месеци