Browsing: СПОРТ

Водечката екипа во петтата лига подобра на гости кај премиерлигашот Барнли со 1:0. Последен тим со фудбалери-аматери што се пласира меѓу осумте најдобри во натпреварувањето е Квинс Парк Ренџерс во 1914 година

Македонскиот првак го совлада унгарскиот состав со 23:21. Победникот беше решен во последните две минути во кои Дибиров и Душебаев погодија за конечна радост на „црвено-црните“ кои до крајот на групната фаза ги очекуваат уште дуели со Целје и Кристијанштад во Скопје и со Мешков во Брест, Белорусија

Третолигашот Милвол го елиминира англискиот шампион по триумфот на домашен терен со 1:0, „граѓаните“ одиграа 0:0 на гости кај Хадерсфилд. И Гвардиола и Раниери изведоа комбинирани состави поради претстојните средби во ЛШ

Американката оствари време од 1:37,27 минути за четврто мундијалско одличје, трето во најтехничка дисциплина по шампионатите во Шладминг и во Бивер Крик во 2013 година, односно, 2015 година. Среброто на Холденер од Швајцарка, бронзата за Швеѓанката Хансдотир

Репрезентативецот на БиХ даде три гола во убедливиот триумф на Рома против Вилјареал во Шпанија со 4:0, па возвратниот меч на „Олимпико“ ќе биде уште еден во низата формални во Лигата на шампиони и во ЛЕ

Баварците повторно кобни за лондонскиот премиерлигаш од „Емирати“ (5:1) и, слично како и ПСЖ, завршија работа уште во првата половина од осминафиналниот двомеч. Реал во Мадрид со пресврт го совлада Наполи со 3:1

Казната за поранешниот селектор на Хрватска, сега менаџер на Вест Хем, е за непримерното однесување во саботниот меч против ВБА во Премиерлигата. Идентична одлука е изречена и за неговиот сонародник во стручниот штаб на „чеканите“, Никола Јурчевиќ