Browsing: СПОРТ
Двајцата фудбалери не се во комбинација за утрешниот меч на Манчестер Ј. против Ридинг во ФА купот. Португалецот истакна дека Швајнштајгер сака да остане на „Олд Трафорд“ и, најверојатно, нема да менува средина во јануари
Избраниците на Илија Темелковски ја декласираа Турција со 39:19, разлика што беше за еден гол поголема од потребната да завршат на првото место за прослава на настап на уште еден голем турнир
Бранителот на титулата кај мотоциклистите мораше да заврши предвреме по незгодата што ја имаше за време на четвртата етапа, возилото на Катарецот остана без тркало, па Французинот го презеде врвот кај автомобилистите
Алжирецот победи во изборот со 361 бод или 48 повеќе од Пјер Емерик Обамејанг. Зад нив остана Садио Мане од Ливерпул со 186 бода
Според италијанските медиуми, трансферот на црногорскиот репрезентативец е завршена работа. Тимот од Андалузија го позајми фудбалерот на Интер до крај на сезоната со можност да го откупи неговиот договор
Атлетик ги совлада Каталонците со 2:1 во првиот осминафинален меч иако во 74 минута и во 82 минута останаа со двајца фудбалери помалку. Реваншот е за шест дена на „Камп Ноу“
Италијанецот славеше во слаломската трка на Слјеме крај Загреб пред Германецот Нојројтер и Кристоферсен од Норвешка. Хиршер заврши шести, но остана лидер во Светскиот куп. Викендот во Аделбоден на програмата е велеслалом
УЕФА го обeлодени својот тим на годината, кој во голема мера се разликува од изборот на ФИФА. Во идеалниот тим…
Младинците на Илија Темелковски одиграа 21:21 во меч од второто коло во квалификациите за СП 2017. Имаа 21:19 и прилика за плус 3, но не реализираа три напади, па казната стигна. Утре (14.30 ч.) против Турција во последното трето коло
Стефан Петерхансел беше најснаодлив во конкуреција на автомобилисти и мина прв низ целта пред Сајнц и Леб. Борт на Хонда беше најбрз кај мотоциклистите, а Русинот Николаев меѓу камионџиите
Спарси на својот „Вајт Харт Лејн“ го совладаа Челзи со 2:0 со двата гола на Деле Али за петти нивни триумф во низа и со 42 бода се најдоа на делба на третото место на табелата
Младата ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Полска со 30:22 во првиот меч на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на СП 2017. Мице Шилегов најефикасен со 11 гола, Талески постигна пет
