Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет У21: Македонија ѝ подари бод на Португалија

0
By Нова ТВ on January 5, 2017 СПОРТ
Фото: macedoniahandball.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 5, 2017 20:18

Младата ракометна репрезентација на Македонија не успеа да слави против Португалија во второто коло на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Светското првенство во Алжир. На крајот конечни 21:21 во натпревар во кој избраниците на Илија Темелковски ја имаа победата во џеб. Во финишот на средбата влегоа со 21:19 и со напад за плус три меѓутоа, за жал, рамки на голот беа сојузници на Португалците.

За разлика од дуелот со Полска, младинците овојпат одиграа две различни полувремиња. Првото лошо што го завршија и со негатива од пет гола (9:14). Но, за среќа возвратија со иста мера во второто (12:7). Решително тргнаа во анулирање на минусот и успеаја во тоа за што најголема заслуга има голманот Томовски.

Упорноста и голманските интервенции и донесоа израмнување (19:19) на Македонија во 50 минута за нешто подоцна преку Велковски и прво водство во вториот дел. Португалците никако не успеваа до реализација во тие моменти, а момчињата во црвено забележаа и нова за 21:19. И кога се чинеше дека работата е завршена, се случи спротивното. Два промашени напада и пробивање кога беше најпотребно, подароци што го казнија гостите и со два гола дојдоа до 21:21. Го имаа и последниот напад пришто Томовски не дозволи да биде совладан.

Утре напладне Португалија ќе игра со Полска, а од 14.30 часот и Македонија против Турција во мечевите од третото последно коло. Најповолна за нас би била победа на Полска или реми што ќе значи пласман на младата репрезентација над СП 2017. Со триумф против Турција, секако.

Најефикасен македонски ракометар вечерва беше Талески со 6 гола, Велковски и Палевски постигнаа по 3, Томовски го заврши мечот со 11 одбрани. Соареш Мартинс ги предводеше Португалцитее со пет погодоци.

Во вториот меч во групата Полска ја совлада Турција со 31:22. Португалија и Македонија имаат по 3 бода, Полска има 2, Турција е без бодови по две одиграни кола.

 

 

 

 

#Португалија Квалификации за СП 2017 Македонија Ракомет У21
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.