Browsing: СВЕТ

Силно невреме, проследено со поројни дождови предизвика поплави во повеќе области во северозападниот дел на Италија.

– Ние повеќе сакаме мир од војна. Но, во случај да биде потребна „кинетичка акција“ (еуфеминизам за активна примена на смртоносна воена сила) или воена акција треба да се знае дека претседателот Трамп во целост е подготвен да преземе таква акција, посочи Помпео.

Според Изборната комисија врз основа на 18 отсто преброени гласови, либералите освоија 145 пратенички места, додека Конзервативната партија на Канада на Ендру Шир има 106 пратеници.

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа упати апел до пратениците во текот на неделата да го одобрат договорот за Брегзит, истакнувајќи дека ниту тој ниту Европска Унија ниту јавноста не сакаат ново одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

 Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сè уште сака сите американски трупи да се повлечат од Сирија, но оти Јордан и Израел побарале од него дел од единиците да остане во оваа блискоисточна земја.

Претседателот на Мексико денеска соопшти дека неговата Влада не се откажува од апсењето на синот на познатиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман кога ќе се исполнат условите тоа да се направи безбедно.

Претседателот на британскиот Долен дом,  Џон Беркоу, денеска го отфрли владиното барање пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за Брегзит што го постигна премиерот Борис Џонсон со ЕУ.

Против Асанж се покренати обвиненија за шпионажа, а тој не успеа да го одложи процесот со цел неговиот правен тим да има повеќе време за да се подготви за случајот.