Browsing: СВЕТ
Во Украина денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои се очекува партијата на новиот шеф на државата Володимир Зеленски да освои мнозинство гласови.
Жешката смеса е видлива во должина од еден и пол километар на едната страна од планината, па властите наредија итна евакуација на населението во тоа подрачје. Пепел во воздухот, пак, има над целиот источен дел на Сицилија што ја намали видливоста
Според првиот претседател на косовското Собрание по војната, Специјалниот суд е формиран врз основа на извештајот на Дик Марти, усвоен од Советот на Европа, и „има за цел компромитација и инкриминација на праведната и чиста борба на ОВК“
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се обрати по повод оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и евентуалните импликации од таквиот потег.
Идејата за формирање техничка влада синоќа во изјава за медиумите ја отфрли и лидерот на ВВ, Албин Курти, кој исто така побара што поскоро одржување парламентарни избори.
Властите во Перу евакуираа повеќе стотици луѓе кои живеат во близина на вулканот Убинас, откако почнал да исфрла пепел.
Ова е вторпат Харадинај да поднесе оставка од премиерската функција поради обвинение од меѓународен суд за воени злосторства. Претходно, во 2012 година, откако се повлече од функцијата за да одговара за обвиненијата од Трибуналот за воени злосторства во поранешна Југославија, Харадинај беше правосилно ослободен од сите обвиненија.
Портпаролката на шпанската Влада во техничкиот период, Изабел Калеа, денеска изјави дека актуелниот премиер Педро Санчез е расположен да влезе во коалиција со крајно левичарската партија „Обединети ние можеме“ се додека нејзиниот лидер Пабло Иглесиас не е во неа.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка на функцијата, за време на оддржување на седница на косовската Влада, јави Бота…
Поранешниот потпретседател Џо Бајден ја предводи листата на претседателски кандидати од Демократската партија, а веднаш зад него се Берни Сандерс…
Холандската Влада соопшти денеска дека ја прифаќа одлуката на Врховниот суд на Кралството Холандија дека оваа земја е делумно одговорна…
Силен земјотрес со јачина од 5,1 според Рихтер е почувствуван во Атина, во 14.13 часот по локално време, а за…















