Browsing: СВЕТ

Парламентот гласаше со 101 глас „за“, 28 „против“ и тројца воздржани за одлуката со која од Владата се бара да го прекине процесот на ратификација на договорот, познат како Истанбулска конвенција“, и да го извести Советот на Европа дека Словачка ќе остане надвор од неа.

Велика Британија најверојатно ќе излезе од Европската унија за две недели без договор откако премиерката Тереза Меј не успеа да добие поддршка од пратениците за нејзиниот договор за повлекување, објави Европската комисија.

Ограничувањата се однесуваат на содржина поврзана со предизборна кампања на политичари или политички партии, како и за политички реклами кои имаат за цел агитирање или одвраќање на луѓето од гласање

Меј минатата недела побара од лидерите на ЕУ одлагање на Брегзит до 30 јуни, кој првично беше предвиден за утре. Но, шефовите на држави или влади на членките на Унијата одобрија одлагање на Брегзит најдоцна до 22 мај, под услов Парламентот во Лондон да го прифати Договорот за британското истапување од ЕУ. Според одлуката на Европскиот совет, доколку Парламентот не го прифати документот, Велика Британија ќе мора да ја напушти Унијата на 12 април без договор.

Албанскиот премиер Еди Рама денеска од говорницата на Парламентот во Тирана и порача на опозицијата дека компромис нема да има и оти со или без неа во Албанија ќе се одржат локалните избор.

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои Резолуција, чиј цел е јакнење на глобалните напори во борбата против „бројните и новите начини на кои терористичките групи обезбедуваат средства за финансирање на своите операции“.