Browsing: СВЕТ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва сака да го обнови сеопфатниот дијалог со САД за важниот договор за нуклеарни ракети со среден дострел од времето на Студената војна.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на стогодишниата од крајот на Првата светска војна, ги повика светските лидери да ја потврдат својата одговорност за мирот и на децата да им пренесат „свет за каков сонувале претходните генерации“.

Австриското обвинителство истражува вработен во Федералната служба за заштита на Уставот и борбата против тероризмот (контраразузнавање), кој е осомничен за шпионажа во полза на Русија, пишува денеска австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.

Во рамките на одбележувањето на годишнината, ќе се одржи првото заседание на Парискиот мировен форум, кој се воспоставува на иницијатива на францускиот претседател, како одговор на растечките тензии во светот и опасноста за меѓународната соработка.

Анализа на примероци од канализацијата во резиденцијата на саудискиот Конзулат во Истанбул укажуваат на траги на хемикалии, објави провладиниот турски весник не наведувајќи извори.