Browsing: СВЕТ
Гласањето нема да се одржи во 15 изборни окрузи во Доњецката и Луганската област на истокот на Украина, се наведува на Интернет страницата на Централната изборна комисија
Набљудувач на ОН за човекови права рече дека убиството на Сарбанди било во самодбрана откако тој се обидел да ја силува Џабари. Според Обединетите нации повеќе од 250 луѓе биле егзекутирани во Иран годинава
Здравствените власти трагаат по луѓето кои биле во контакт со двегодишното девојче кое почина од ебола во Мали. Девојчето патувало стотина километри со автобус заедно со нејзината баба, во време кога веќе била заразена со вирусот, смета Светската здравствена организација
Толпа од десетици илјади луѓе протестираа во Рим против проектот за реформа на законите со кои се регулира пазарот на трудот, јавува Франс прес
Еден ученик отворил оган во своето средно училиште во американската сојузна држава Вашингтон при што убил едно лице, а ранил најмалку четири
Два вида на вакцини на компанијата Glaxo Smith Kline и на Агенцијата за јавно здравство веќе се наоѓаат во фаза на тестирање. Првите резултати ќе бидат објавени на крајот на годината. Лекарите кои кои се наоѓаат во западна Африка, во првите борбени редови против еболата ќе бидат првите на кои ќе им бидат дадени овие вакцини.
Претседатлот на Република Српска Милорад Додик синоќа соопшти дека неговата партија постигнала договор со Демократскиот народен сојуз (ДНС) и Социјалистичката партија (СП) за формирање коалициска влада во српскиот ентитет во БиХ
Седумнаесет студенти биле уапсени од полицијата при судир меѓу противнички групи во Истанбулскиот универзитет, каде во последните недели избиваат жестоки инциденти меѓу приврзаниците и противниците на џихадистите
Службени 3-0 за српската фудбалска репрезентација, но одземање на бодовите е одлуката на УЕФА по натпреварот во Белград помеѓу Србија и Албанија
Американски доктор кој се вратил во Њујорк откако работел со лица заразени од смртоносниот вирус ебола во Западна Африка, имал позитивен тест на оваа заболување
Околу 200 борци на ирачките Курди кои од Ирак преку Турција, ќе влезат во третиот по големина курдски град во Сирија, Кобане за да им помогнат на бранителите кои цел месец опстојуваат под нападите на џихадистите од Исламската држава, изјавил денеска турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пренесува Reuters.
Активистите на „Народната Република Доњецк“ имаат во план да ги заземат градовите Славјанск, Краматорск и Мариопол. Премиерот на ДНР Александар Захарченко најави дека наскоро ќе следи период на интензивни борби














