Browsing: СВЕТ

Правото на почитување на приватниот и семејниот живот на Хрватката Љубица Удовичиќ е повредено, бидејќи долго се изложувала на прекумерна бучава од бар, кој се наоѓа на приземјето на нејзината куќа, за што неуспешно апелирала една деценија, одлучил Судот

Санкции на САД против Русија: за двајца членови на “внатрешниот круг” на Путин и чекори да се спречи Москва од добивање на технологија за своите воени потреби.. Санкциите на САД против Русија се “бесмислени, срамни и одвратни”, вели рускиот министер влада Сергеј Ријабков.

Пратениците на Собранието на Србија избраа нова Влада на чело со премиерот Александар Вучиќ. Премиерот најави дека ќе продолжи преговарачкиот процес за влез во ЕУ, отварање на ново поглавје во јуни, при што нагласи дека целта е до 2018 година да се затворат сите поглавја

Новата влада предводена од Александар Вучиќ, од денеска официјално застанува на чело на Србија .Од вкупно 250 пратеници во салата биле присутни 228 пратеници, а „за“ Владата гласале 198, 23 биле „против“, шестмина биле „воздржани“

Премиерот на Јужна Кореја Чунг Хонг-вон понуди оставка поради критиките на справувањето на владата со тонењето на патничкиот фериброд. Во соопштението, г-дин Чунг изјави дека “Плачот на семејствата на исчезнатите уште ме држи буден ноќе”

Г7, на седумте најиндустријализирани земји, ја најави својата одлука да воведе нови санкции против Русија а САД најавија дека нивниот дел од санкциите ќе биде воведен веќе во понеделник. Ова беше соопштено од Сеул каде што Барак Обама е во посета.

ММФ наскоро нема да биде единствената организација на светот која може да даде меѓународна финансиска помош. Земјите на БРИКС ќе основаат алтернативни институции, да им помогне на земјите од БРИКС постепено да воспостават соработка без посредство на доларот

Американскиот претседател Барак Обама отпатува во Јужна Кореја во рамки на неговата турнеја низ Азија. Неговата посета на Сеул доаѓа во време на зголемени тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја

ЕУ мора да даде нови импулси во политиката за процесот на проширувањето и да покаже поголема европска перспектива за државите од Западен Балкан, изјавил во четвртокот шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц

Турскиот универзитет „Мармара“ ги демантира тврдењата дека премиерот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган го нема неопходното високо образование за да се кандидира за претседател на земјата. Универзитетот објави соопштение, кое е придружено со копија од дипломата на Ердоган

Украинските безбедносни сили убија пет вооружени лица за време на операцијата која требаше да ги острани про-руските блокади во Славјанск, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи