Browsing: СВЕТ

Граѓаните избираат членови на Претседателството на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и во Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, пратеници во Народното собрание на Република Српска, претседател и потпретседател на Република Српска и пратеници во десет кантонални Собранија во Федерацијата БиХ

Гласањето доверба на Владата го иницираше самиот Самарас, со цел да добие поддршка од пратениците за продолжување на започнатите реформи и за преговорите со „тројката“ меѓународни кредитори – ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд

Две лица загинаа при пад на спортски авион во близина на Нови Сад, пренесуваат српските медиуми. Според првичните информации, во авионот летал бизнисмен Томислав Ѓорѓевиќ,а идентитетот на неговиот придружник се уште не е познат

Во Босна и Херцеговина во недела ќе се одржат избори за сите нивоа на власта, на кои околу 3,2 милиони босански државјани ќе избираат кандидати од 113 политички субјекти

– Владата ја именуваше Виолета Булц за кандидатка на Словенија за Европската комисија, изјави министерот за надворешни работи во Словенија Карл Ерјавец, додавајќи дека коалицијата составена од три партии одлуката не ја донела едногласно

Сирискиот град Кобани кој се наоѓа близу границата со Турција е 40 отсто под контрола на џихадистите од организацијата Исламска држава, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун денеска не беше присутен на церемонијата по повод 69.годишницата од основањето на владејачката партија; покрај можноста за влошена здравствена состојба, некои аналитичари тврдат дека извршен е државен удар во земјата