Browsing: СВЕТ
Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев вели Софија треба да соработува со партнерите од НАТО, Турција и Романија во однос на зголеменото присуство на руски авиони близу бугарските граници
Во зграда во Торонто денеска се избодени петмина; во истовреме, во американскиот град Питсбург, еден ученик избодел 20 малолетници на возраст од 14 до 17 години
Министерството за внатрешни работи на Русија им порача на Америка и Украина да не се грижат бидејќи Русија не планира да врши невообичаени воени акции во близина на Украина
Големото изненадување на топ листата годинава е падот на Њујорк кој од 2 падна на 11 место, Рим се поткачи на 2 место а Лондон останува на местото број 3. Прага исто така добива гласови и сега е на 5 место.
Независна република прогласија проруските сепаратисти кои ја презедоа контролата врз зградата на провинциската управа во градот Донецк во источна Украина
„Сепак, тажната реалност е дека повеќето од десет милиони Роми во Европа се уште живеат во сегрегација и тешка сиромаштија. Ромите се соочуваат со дискриминација во медиумите, во политиката и во работни места“, изјави Јахланд.
Ал Џезира денеска го повтори повикот за ослободување на новинарите затворени во египетските затвори; новинарите, Питер Грест, Мохамед Фами и Бахер Мохамед се затворени во Египет веќе 100 дена
Сите патишта кои водат до Луганск, град во Украина оддалечен 25 километри од Русија, се затворени од полицијата, откако про-руските поддржувачи го заземаа седиштето службите за безбедност
Последните детектирани сигнали од австралиски воен брод, се досега најсилната надеж дека по исчезнатиот малезиски авион се трага на вистинското место
Според кредибилниот институт Незопонт Фидеш добил 48 отсто гласови додека коалицијата на левите партии освоила 27 проценти. Екстремната десница Јобил освоила 18 отсто гласови. Еколошката партија ЛМП успеала да освои 6 отсто со кои ќе остане во Парламентот.
Судот во Турција иако првично ја укина забраната на Јутјуб, подоцна ја смени одлуката образложувајќи дека забраната ќе биде симната штом се отстранат спорните снимки на која наводно турски припадници на безбедносните сили разговараат за Сирија
Новиот суд ќе биде формиран и финансиран од ЕУ. Тој ќе се занимава со тврдењата за учество на членовите на ОВК во трговијата со органи на заробени Срби и лица од друга националност за време на конфликтот во 1999 година и со исчезнувањето на околу 400 лица, од кои повеќето косовски Срби, кон крајот на војната