Browsing: СВЕТ

Aмериканските власти известуваат дека имаат сознанија за 108 исчезнати лица или се водат за исчезнати, по огромното лизгање на земјиштето во саботата, во северо-западната американска држава Вашингтон

Малезискиот премиер Наџиб Разак на денешната прес-конференција соопшти дека врз основа на последните анализи, „мора да се заклучи дека исчезнатиот авион завршил на јужниот дел од Индискиот Океан“

Рустам Темиргалиев, заменикот на кримскиот премиер изјави дека сите бази на Полуостровот се под контрола на руските трупи, а украинските војници ги напуштиле базите

„Поранешниот режим сакаше да го замагли својот криминал, а мене да ме претстави како крадец и убиец. Сите обвиненија се споени во една голема лага“, рече Шариќ при првото појавување пред Специјалниот суд

Израелското МНР и 103 амбасади на Израел во светот почнаа денеска генерален штрајк во знак на протест против одбивањето да им бидат зголемени платите и да добијат подобри услови за работа

ЕУ, како и САД, веќе воведе санкции, замрзнување на странските банкарски сметки и забрана на влез на својата територија кон конкретни лица од Русија и Крим, кои се одговорни за референдумот за приклучување на украинската автономна република кон Руската Федерација

Самарас нагласи дека спогодбата, кој претходно оваа недела беше постигната со групата меѓународни кредитори за отпуштање на следната транша од спасувачката помош претставува официјално признание за успесите на Грција во однос на финансиската консолидација и имплементацијата на радикалните структурни реформи