Browsing: СВЕТ
Путин им даде инструкции на руските министерства и агенции да обезбедат спроведување мерки насочени кон воспоставување на федерални, регионални, општински и други извршни одделенија во Република Крим и градот Севастопољ, вклучувајќи усогласување на бројот на вработените во извршните органи со потребниот број, соопшти прес службата на Кремљ
Група вооружени лица ја зазела контролата над воениот брод „Славутич“, еден од последните бродови на украинската морнарица, објави на својата фејсбук страна портпаролот на министерството за одбрана на Украина, Владислав Селезњов
Десетици ирачки весници денеска не излегоа во продажба, во знак на протест поради убиството на познатиот радио новинар, шеф на Бирото на Радио Слободна Европа од Баград, Мохамед Бдави Овади, кој вчера беше убиен од страна на член на стражата на ирачкиот претседател
Денеска се засилува потрагата по исчезнатиот малезиски Боинг 777 под контрола на австралиските власти.Девет авиони ќе летаат над јужниот дел на Инискиот океан.Потрагата е визуелна и ќе се прави преку радари
Руско воено возило влезе во базата кршејќи ги портите а војниците испукале неколку куршуми во водзух со цел да ги предупредат украинските трупи
Демонстрантите подигнаа шатори исто како што беше случајот со Киев на плоштадот Мајдан, кога започнаа протестите против тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович
Кина поседува нови слики од сателитите кои покажуваат предмети кои пловат во јужниот дел во областа каде што се води истрагата, и наскоро ќе испрати бродови за проверка
Австралија вети дека потрагата по исчезнатиот авион на Малезија ерлајнс ќе трае до недоглед и покрај тоа што нема знаци дека има воопшто некакви остатоци во Индискиот Океан
Во инцидентот загинат е случаен минувач, како и 30-годишниот Валдет Кељменди познат како Лара
Виза и Мастеркард ги блокирааа услугите на кредитните картички на некои руски банкарски клиенти, како резултат на американските санкции
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска во Киев го повтори повикот за мирно решение на кризата со Крим врз основа на Повелбата на Светската организација, вклучувајќи го почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина
Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша е соочен со ново обвинение откако Јавното обвинителство на Словенија побараа отпочнување истрага за корупција