Browsing: СВЕТ

Се зголемува напнатоста пред утрешниот референдум на Крим на кој околу 2 милиони жители ќе се изјаснат дали се за останување во Украина или за приклучување кон Русија

Полицијата денеска започна претрес во куќата на пилотот кој управуваше со исчезнатиот авион, откако премиерот на Малезија го потврдил сомнежот дека авионот намерно го променил правецот на движење по што исчезнал, јавува Rojters

Kомуникациските системи на исчезнатиот лет MХ370 на Малезија ерлајнс намерно биле оневозможени, изјави малезискиот премиер Наџиб Разак. Според сателитските и радарските докази, рече тој, авионот потоа го променил курсот и можел да продолжи со летање уште седум часа

Американските истражувачи веруваат дека исчезнувањето на авион на Malaysia Airlines е сепак дело на киднапери. По многубројните теории за исчезнувањето на авионот, оваа теорија изгледа како најреална, јавува Daily Mail

Кери ќе бара гаранција од Москва дека нема да го припои Крим и дека ќе работи со Украина за неутрализирање на тензиите, каде што поддржувачите на Русија и руските трупи го зголемија присуството изминатите неколку недели

Двајца загинати е епилогот од последните протести во Турција кои избувнаа како резултат на смртта на 15-годишното момче кое минатата година при демонстрациите за паркот Гези беше погодено со солзавец по главата

Непознат сторител денеска утрото на автобуската постојка на улицата Кнез Милош во Бања Лука фрлил рачна бомба во автобусот на „Автопревоз“. Во експлозијата загинал возачот, а бомбашкиот напад се случил на 50 метри од едно училиште

Американскиот претседател Барак Обама и украинскиот привремен премиер Арсениј Јацењук упатија цврсти пораки до Русија во средата, а Вашингтон повторно ја предупреди Москва дека ќе следат санкции доколку не ги повлечат трупите од Крим