Browsing: СВЕТ

Поранешниот поглавар на Римокатоличката црква, Бенедикт, ги отфрли наводите на италијанскиот „Либеро“ како „апсурдни“, кој информираше дека тој бил присилен да се повлече од функцијата поради скандалите кои фрлија сенка врз Ватикан

Група на жители од украинскиот полуостров Крим, се собраа денеска извикувајќи дека демонстрантите во Киев се „бандити кои се обидуваат да состават нова влада“ со слоганот „Русијо, спаси не!“, а руските знамиња беа закачени на зградата на Врховниот суд во Симферопоље

Руското приближување кон пристаништето во Севастопол во Украина, може да се случи за една недела предупредува Андреј Иларионов, поранешен советник во Кремаљ. Тој тврди дека рускиот претседател Путин ги отфрла предупредувањата на Западот и ја ставил војската во состојба на подготвеност

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган остро ја осуди аудио снимката, која ја нарече фабрикувана, која го покажува како разговара со неговиот син и се договара за криење на големи суми на пари

Украинските медиуми јавуваат дека претседателот Виктор Јануковиќ, кого го разреши парламентот и против кого е издаден налог за апсење под обвинение за масовно апсење, се наоѓа во руската поморска база во Севастопол во Украина

ЕУ одлучи да засега да не го потпишува ветениот договор за асоцијација со Украина и да чека да поминат изборите закажани за 25 мај а условена со реформи е и финансиската помош за Украина.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека се сомнева во легалноста на новите власти на Украина. Во најсилната реакција од Русија која дојде по политичкиот пресврт во Киев, Медведев рече дека тие што сега се на власт спроведуваат “вооружен бунт”

Реакцијата на Медведев доаѓа откако привремениот Министер за внатрешни работи на Украина соопшти дека е издаден налог за апсење на претседателот Виктор Јанукович, за кој моменталната локација каде што се наоѓа е сеуште непозната