Browsing: СВЕТ
Премиерот Хазем ел-Беблави соопшти дека Владата ја понудила својата оставка, без да ги прецизира причините, со што се отвора можноста за кандидатура за претседател на шефот на армијата Абдел Фата ал-Сиси
Украинската Централна изборна комисија објави почеток на предизборната кампања, изјави денеска претседателот на Парламентот, Олександер Турчинов, кој времено ја презеде и должноста шеф на државата
Украинското министерство за внатрешни работи издало налог за апсење на сега веќе бившиот претседател Виктор Јанукович
Според обвинителите, Морси и другите обвинети, креирале различни активности во име на Муслиманското братство и Хамас, со цел „извршување на терористички напади во земјата како би се предизвикал хаос и државен удар“ од 2005 година до август 2013
Поддржувачите на украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска во Севастопољ, на југот на Крим, организираа протест против за нив, „државниот удар“ во Киев
Камерите за видео надзор снимиле камиони од кои се симнуваат работи, како и хеликоптер во кој влегуваат луѓе со патни торби, а кој полетува од имот за кој се вели дека е претседателска резиденција
Парламентот во Украина му ги додели претседателските ингеренции на спикерот Олександар Турчинов бидејќи локацијата на актуелниот претседател Виктор Јанукович, засега е непозната
Намјалку 14 луѓе се убиени по експлозија на автомобил-бомба близу болница во сирискиот град Атмех со кој управуваат бунтовниците, близу границата со Турција
Русија, најблискиот сојузник на Сирија, како и Кина, одлучија да се придружат на 15-члениот СБ на ОН во испраќањето на острата порака, пред се до режимот на Башар ал Асад, дека храната, лековите и другите неопходни работи не смеат да бидат блокирани
Најбараниот човек во Мексико и воедно еден од најпознатите наркобосови Хоакин Гузман, е фатен во земјата во операција на американските и мексиканските органи за ред, соопшти „Ројтерс”
Јулија Тимошенко излезе од затвор откако украинскиот парламент донесе закон кој тоа го овозможи.
Претседателот на ЕК Хозе Мануел Баросо на својот твитер напиша: “Го поздравувам ослободувањето на (Јулија) Тимошенко. Независно судство е неопходно за демократска Украина”. Таа на сајтот на партијата напиша “диктатурата падна”.
Виктор Јанукович денес рече дека во државата е направен државен удар и одби да даде оставка додека истовремено опозицијата почна да ги освојува сите делови на власта а парламентот изгласа ослободување на опозиционерката Јулија Тимошенко.