Browsing: СВЕТ

За да и се спротивстават на хомофобијата која владее во Русија, повеќе компании одлучија, за зимските игри во Сочи, на интернет да ја покажат својата креативност во борбата за правата на лезбејките и хомосексуалците

Загинаа осум студенти, а 15 се сериозно повредени, откако заради натежнатиот снег се урна таванот на амфитеатарот во јужнокорејскиот град Генџу. Како што јавуваат светските агенции полесно се повредени 58 лица

Пред шест години Косово ја прогласи својата независност која досега ја признале 106 земји меѓу кои сите балкански, освен Србија и БиХ. Говорејќи за независноста на Косово, премиерот истакна дека „без придонесот на Албанија, не би се постигнала слободата“

Претседателот на Венецуела, Николас Мадури вчера им наредил на тројца американски дипломати да ја напуштат неговата земја, обвинувајќи ги за заговор против неговата Влада; соопштението доаѓа откако американскиот Стејт департмент изрази загриженост за аферите во Венецуела

Американскиот државен секретар, Џон Кери ја обвини сириската Влада за одолговлекување на мировните преговори кои имаат за цел да стават крај на граѓанската војна, и упати апел до Москва да запре со снабдувањето оружје за претседателот Башар Ал-Асад

Министерството за внатрешни работи потврдило дека демонстрантите го исполниле бараниот услов да го напуштат градското собрание што значи дека законот може да стапи на сила. Дел од демонстрантите се незадоволни од ваквиот потег и изјавуваат дека ја изгубиле револуцијата

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе денеска ќе пристигне во дводневна официјална посета на Сараево по неколкудневните социјални немири во земјата