Browsing: СВЕТ

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж изјави денеска дека наскоро ќе ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон каде што престојува над две години. Асанж денеска соопшти дека не ја напушта амбасадата поради здравствени причини, за кои пишуваа некои медиуми

Преговорите на Србија за членство во Европската унија добро напредуваат, а Белград кога ќе влезе во Унијата мора да се усогласи со заедничката надворешна политика, изјави Петер Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Семејниот адвокат Ентони Греј изјави дека независна обдукција, спроведена во неделата, покажала дека Браун бил застрелан двапати во главата и четири пати во десната рака – сите на предниот дел од неговото тело

Официјалниот број на етнички Албанци од регионов кои ги загубија животите борејќи се во редовите на екстремистичките групи во Сирија и Ирак се искачи на 36, од кои сеедуммина се од Македонија

«Нема да прифатиме договор за прекин на оган ако не добиеме одговори на нашето конкретно барање за безбедноста», рече Нетањаху сабајлево. А синоќа во Тел Авив илјадници Израелци протестираа повикувајќи ја владат да преговара со палестинската власт на Махмуд Абаз.

Сергеј Лавров, Павло Климкин, Франк-Валтер Штајнмајер и Лоран Фабиус ќе разговараат за кризата на истокот на Украина. Киев и Москва дојдоа до договор за начинот како да се постапи при инспекцијата на хуманитарниот конвој додека Црвениот крст чека гаранција дека транспортот ќе биде безбеден од другата страна на границата.

Ахмет Давутоглу е лојален сојузник на Ердоган кој надворешната политика на Турција ја направи прилично агресивна, а неговите критичари го сметаат за претерано амбициозен и дури со нео-отомански ставови

Условите за живот на луѓето во Донецк и Луганск се влошуваат, информираа локалните власти. Над 200 000 луѓе во Луганцк се без електрична енергија и вода две недели. Цената на аналгинот се зголемила 10 пати, надминувајќи ја онаа на лебот