Browsing: СВЕТ

ОН во петокот вечерта усвоија резолуција која има за цел да го сопре напредувањето на џихадистите во Ирак. САД ги нападнаа позициите на Исламската држава по сомненијата дека имало убиствени напади против Јазидите на северот на земјата. ЕУ договори испорака на оружје на курдските сили.

Според последните информации кои што утрово ги објави Гардијан, рускиот хуманитарен конвој се уште не влегол на украинска територија, но 23 руски воени возила во текот на ноќта ја поминале границата

„Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, пред две години во Косово организирал средба на вооружената сириска опозиција”. Бомбастичната изјава е дадена од експертот за безбедносни прашања, Илир Кула, на емисијата „Опинион“ на ТВ „Клан“

Во хрватскиот град Славонски Брод уапсен е маж на возраст од 52 години поради сомневање дека собирал разни делови од човечки тела. Во неговиот стан била пронајдена и цела колекција од човечки пениси.

Украина објави дека денеска испраќа своја хуманитарна помош за истокот на земјата, погоден од конфликтот со проруските сепаратисти. Потоа се согласи да ја прифати и руската помош, но само ако биде проверена

Вкупно 12.000 тони праски и нектарини останаа во фрижидерите на земјоделските задруги во северна Грција како резултат на руското ембарго, а околу 13.000 тони овошје се уште не е обрано, покажа пописот што го направија локалните земјоделски власти во соработка со стопанската комора

Телата на пет француски алпинисти беа пронајдени денес откако исчезнаа вчера на Мон Блан. Алпинистите биле дел од групата на шест луѓе помеѓу кои и еден водич, кои вчера тргнале да се искачат на Аргентиер на 3901 метар височина на Мон Блан.