Browsing: СВЕТ
Говорејќи за време на средбата по повод Фитер-Бајрам вчера Аринч го опиша својот идеал за чист маж или жена, велејќи дека тие двајцата треба да имаат чувство на срам и чест
Во време кога авионот на Малезија ерлајнс се урна, Стрелков објави соопштение на „Вконтакте“, што е руска верзија на фејсбук, преземајќи ја одговорноста за нападот.
– Ние ги предупреди да не летаат во”нашето небо”, пишува тој.Ваквата објава подоцна беше избришана од социјалната мрежа.
Девет израелски војници се убиени вчера во борби во Појасот Газа, со што бројот на загинати Израелци достигна 52, соопшти денеска израелската армија. Бројот на загинати Палестинци од почетокот на израелската операција во Појасот Газа достигна околу 1.100 лица
Судот после десет години донесе пресуда според која руските власти ја прекршиле Енергетската повелба на ЕУ при експлоатација на имотот после банкротот на Јукос 2003
“Ако американските империјалисти и се закануваат на нашата сувереност и нашето живеење… нашите трупи ќе испукаат нуклеарни ракети врз Белата куќа и Пентагон кои се изворот на сите зла”, рече Хуанг Пионг-Со, директор на политичкото биро во говор пренесуван на телевизија.
Според Марк Цукерберг, претседателот на Фејсбук, треба да се најде алтернативна формула која ќе биде долготрајна и која нема да ги избрка корисниците од социјалната мрежа.
Претседателот на Народното собрание на Бугарија, Михаил Миков синоќа е избран за нов лидер на владејачката Бугарска социјалистичка партија (БСП), јавува МИА.
Авионот на Малезија Еарлајнс, кој беше погоден од ракета во Украина во зона која ја контролираат проруските сепаратисти, може да биде ставен во редот “воено злосторство”, изјави комесарката за човекови права на Обединетите Нации Нави Пилеј.
Руските фирми ќе имаат загуба која може да изнесува 744 милијарди евра. Но, истовремено и ЕУ ќе биде погодена од овие санкции, јавува порталот ЕУОбзервер.
Новиот формат на операцијата на израелските воени сили предвидува само интеракција на евентуални напади од „Хамас”, како и продолжувањето на потрагата и уништувањето на подземните тунели на палестинските исламски екстремисти на границата меѓу Израел и Појасот Газа
Со прекинот на огнот на народот во Појасот Газа треба да му се даде можност да примат итно неопходни прехранбени производи и помош. Истовремено, страните во конфликтот се повикуваат да вложат напори да постигнат одржлив прекин на огнот, до кој ќе се придржуваат сите страни
Припадници на нигериската исламистичка група Боко Харам киднапираа неколку лица во северен Камерун, меѓу кои е и сопругата на камерунскиот вицепремиер Амаду Али. Грабнат е и локален верски лидер, кој е градоначалник на градот Колофата.
Како што соопшти претставникот на камерунската армија, полковник Феликс Нџи Формекон, членовите на Боко Харам ја преминале нигериско-камерунската граница и го нападнале пограничниот град Колофата во северен Камерун.
„Луѓето на Боко Харам се‘ уште се во градот и водат борби со нашите војници, изјави Формекон.
Тој соопшти дека сопругата на вицепремиерот Али била киднапирана од нивниот дом заедно со домашните помошнички. При нападот, телохранителите успеле да го извлечат и вицепремиерот Али од домот, каде со семејството го прославувал Рамазан Бајрам, и да го пренесат во соседниот град Мора. Формекон истакна дека при судирите во Колофата сигурно има и загинати и ранети, но дека засега нема податоци за конкретни бројки на жртви.












