Browsing: СВЕТ
Обивнителството во Венецуела ги повлече обвинувањата против опозицискиот политичар Леополд Лопез, кого Владата го гонеше за поттикнување судири во кои загинаа најмалку пет лица.
Се повеќе вријат информациите дека опозицијата и демонстрантите нема да дојдат до договор и остануваат на барањето оставка на Јанукович и негово ставање на обвинителната клупа
Авионот пренесувал медицински персонал и опрема во областа Громбалија што се наоѓа на околу 40 километри јужно од главниот град на Тунис; во авионот имало тројца лекари, двајца пациенти и шест членови на екипажот
По вчерашниот најркрвав ден од почетокот на протестите во Украина, претседателот Јанукович тврди дека постигнал договор со опозицијата за решавање на кризата. Според наводите, преговорите траеле до рано утрово со посредство на претставници на ЕУ
Соопштено ми е дека со Јанукович е договорено оваа година да се одржат предвремени претседателски и парламетарни избори, во наредните 10 дена да се состави влада на национално единство, а Уставот да се смени до летото, изјавил полскиот премиер пред новинарите
Украина мора да се соочи со сакции бидејќи нередите во Киев излегоа од контрола. По консултaциите на релација Берлин-Париз-Варшава, од седиштето на ЕУ соопштуваат дека дека за Украина се воведуваат санкции за забрана на издавање на визи и блокирање на имотот на тие што се одговорни за насилството во земјата
-Шокирани сме од фотографиите од кои се гледа дека безбедносните сили од автоматско оружје пукаат во сопствениот народ, порачува Обама и потенцира дека САД ќе се заложи за да се казнат одговорните за насилството
Обединетата албанска опозиција, предводена од демократите на Љуљзим Баша, на мирниот анти-владин протест во Тирана денеска попладне собраа околу 150 илјади граѓани, јави дописникот на МИА од Тирана
Умирам-ова се последните зборови кои 21-годишната Олесја Жуковскаја ги напишала на Твитер, откако била застрелана од снајперист во вратот додека се грижела за ранетите демонстранти во Киев
Во Киев се водат улични борби меѓу безбедносните сили и демонстрантите. Од утринава престрелките однесоа десетици животи, а стотици се ранети. Погледнете ја атмосферата на крвавите улици на Киев
Познатиот пејач Зоран Предин приреди невиден скандал во кошаркарски натпревар во Љубљана, кој од зад грб со тупаница го удри судијата по глава. Полициски службеник му врачи парична казна, за подоцна Предин да изрази жалење поради инцидентот
И покрај договорот за примирје и почеток на директни разговори помеѓу претседателот на Украина и опозициските лидери, денеска во Киев повторно дојде до судири, а светските агенции јавуваат дека имало десетина загинати цивили и заробени полицајци
