Browsing: СВЕТ
Во индиската источна држава Орис се преврте брод со околу 150 патници, при тоа 22 се удавиле во езерото, а околу 10 се водат за исчезнати
Демонстрантите во Босна најавија за денеска на пладне нови протести во Сараево. Нивното главно барање е оставка на Владата на Федерацијата БИХ. Четворица премиери си поднесоа оставки
Специјалците кои ја чуваат зградата на Обвинителството на кантонот Сараево денеска ги симнаа кацигите и ги спуштија штитовите.Ова предизвика бура од реакции и воодушевување кај насобраните демонстранти.
-Ќе ја разгледаме ситуацијата во БИХ во вторник во Меѓународниот управувачки одбор, а Австрија ќе го зголеми бројот на своите војници во БиХ. Доколку ситуацијата есклаира ќе мораме ,евентуално, да размислуваме за трупите на ЕУ, но не сега, изјавил високиот претставник на БИХ, Валентин Инцко за медиумите
Ирина Родњнина , некогаш позната и успешна лизгачка на Советскиот Сојуз, која заедно со поранешниот хокеј Владимир Третјак во петокот вечерта го запали олимпискиот оган е расистка која нема желба да понуди барем бенигно јавно извинување
Ректорот на Универзитетот во Приштина, Ибрахим Гаши поднесе оставка по тридневните протести и судирите меѓу полицијата и студентите
Во Сараево и денеска продолжуваат протестите за оставка на Владата на БИХ. За напладне во 12 часот е најавено ново собирање на кое се повикуваат граѓаните од цела држава повторно да излезат на улица и да бараат промена на владеачката гарнитура
Во Русија две лица се убиени, а шест се повредени кога 25-годишен вооружен напаѓач влегол во црква и истурил оган врз верниците за време на мисата
Граѓаните на Швајцарија денеска одлучуваат дали ќе се ограничи бројот на доселениците. Референдумот под наслов„Не, на масовното доселување го организира Швајцарската народна партија, позната по своите конзервативни и ксенофобични ставови
Доставувањето на хуманитарната помош за цивилното население во стариот град Хомс во кој неколку квартови држат сунитските бунтовници а 18 месеци е под опсада на армијата на сириската влада, започна по постигнувањето на тридневното примирје меѓу бунтовниците и владата во Дамаск
На денешниот состанок на Кантоналниот одбор на Партијата за демократска акција, на која се разгледувала состојбата во Кантонот Сараево, премиерот во овој кантон Суад Зељковиќ информирал дека поднел оставка.
Премиерот на кантоналната влада на Сараево Суад Зељковиќ со пцовки и ја спушти телефонската слушалка на новинарката на босанската телевизија „Хајат“ откако таа праша дали тој планира да понесе одговорност за граѓанскиот бунт низ цела Босна. Во видеото слушнете го дрскиот одговор на премиерот Суад Зељковиќ
