Browsing: СВЕТ

Најбогатите Американци донирале 3,4 милијарди долари за хуманитарни цели во текот на 2013 година. Од нив, најголемите донации ги направил основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг заедно со својата сопруга, кои дале 992,2 милиони долари во хумани цели

Денес Михаел Шумахер го слави својот 45 роденден кој оваа година е тажен бидејќи Германецот веќе пет дена е во кома по несреќата која му се случи. Неговите фанови планираат да манифестираат во тишина како поддрршка за својот шампион.

Според соопштението на полицијата, како што јави дописникот на МИА од Прага, експлозијата била предизвикана од експлозивна направа што се активирала кога амбасадорот Џамал Мохамед Џамал се обидел да го отвори сефот во неговата куќа

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано најави дека нема да остане на својата функција до крајот на седумгодишен мандат, туку дека ќе се повлече „веднаш штом ќе ја заврши работата“

26-годишен маж од Камиен Поморски во Полска на Нова година со своето BMW влетал во пешачката зона и прегазил осум луѓе, шест од нив починаа. Според неофицијалните информации во крвта имал два промили алкохол

11 луѓе загнаа во терористичкиот напад во Могадишу, Сомалија откако три автомобили – бомби експлодираа во близина на хотел. Одговорност за нападите ја презеде исламистичката група Ал Шабаб – во соопштението на потсетуваат дека предупредиле да не се прославува Нова Година

Сојузната држава Вашингтон во текот на годинава ќе го следи примерот на Колорадо. Во двете сојзуни држави граѓаните се изјаснија на референдум за легализација на дрогата

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера на патот Сремска Митровица – Велики Радинци загинаа командантот на озлогласената српска паравоена единица Шкорпиони, Слободан Медиќ, неговата сопруга и 17-годишниот син