Browsing: СВЕТ
Ле Монд смета дека може лесно да се случи Расмусен да го наследи Ван Ромпеј: “поранешен премиер, уметност на компромисот и умреност кои се карактеристика на Скандинавците, искуство на светската сцена и познато име”.
Валери Треивајлер била особено погодена од откритието на љубовната врска помеѓу нејзиниот партнер Франсоа Олад и глумицата Жули Гаје.
Заменик-директорот на Канцеларијата за Косовo и Метохија, Крстимир Пантиќ денеска поднесе оставка; „Несакајќи со своето делување да и нанесам штета на Владата на Србија и граѓаните, поднесувам неотповиклива оставка…“, наведе тој во својата изјава
Пратениците во грчкиот Парламент од редовите на десничарското движење „Златна зора“, Јоргос Герменис, Панајотис Илиопулос и Статис Букурас, денеска се појавија пред судот за прекршоци во Атина, под обвинение дека управувале со криминална организација
Со пароли „Револуцијата ќе го исчисти ѓубрето“, „Сите тие се крадци“, околу 20.000 Турци протестираа низ улиците на Анкара против Владата на Реџеп Ердоган
Многу Израелци го сметаат за воен херој кој ја одбранил земјата низ најголемите страдања. Сепак тој е и доста омразен помеѓу Арапскиот свет, поради воените кампањи против палестинските герили во Либан, Јордан и неколку други земји
Обвинението против налогодавачите, организаторите и извршителите на убиството на српскиот новинар Славко Чурувија е напишано и ќе биде објавено следната недела кога ќе бидат извршени и апсењата, објави Данас повикувајќи се на неименуван извор во државниот врв на Србија
На барање на Владата на Индија, САД ќе повлечат еден официјален претставник од својата амбасада во Њу Делхи после тензиите во кои е инволвирана индиската дипломатка
Неколку луѓе беа повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата за спречување безредија во Киев. Поранешниот министер за внатрешни работи и водечката опозициска фигура Јуриј Лученко е меѓу оние кои се повредени
Најмалку 10 луѓе се повредени во големиот верижен судар во американската држава Ајдахо, во кој учествувале дури 46 возила; засега нема информации за загинати
Од земјите во регионот во првите сто се најде Босна и Херцеговина која е рангирана на 83 место и спаѓа во категоријата предупредување. Во истата категорија на 92 место е Србија, блиску после неа на 112 позиција е Македонија
Францускиот претседател Франсоа Оланд вели дека ќе покрене судска постапка против магазинот Closer, со оглед на тоа што тврди дека има афера со актерката Жули Гаје
