Browsing: СВЕТ

Ексцентричната кошаркарска ѕвезда Денис Родман и неколку други поранешни играчи во НБА се на пат да земат учество во контроверзниот кошаркарски натпревар во Северна Кореја на роденденот на младиот, непредвидлив лидер Ким Јонг-Ун

Бугарија ќе гради споменик на Цар Самуил оваа есен. Иницијативата е дел од програмата за одбележување на 1000 години од смртта на претпоследниот владетел на Првата бугарска држава, објави бугарскиот весник “24 часа”

САД се подготвени да и помогнат на Русија, каде минатата недела беа извршени два напада, да ја гарантира безбедноста за време на зимските олимписки игри во Сочи, изјави американскиот министер за одбрана Чак Хејгл во телефонскиот разговор со рускиот колега Сергеј Шојгу

Во Бангладеш денеска се одржуваат парламентарни избори, а голем број граѓани нема да излезат на гласање, имајќи предвид дека опозицијата вчера започна дводневен штрајк поради како што вели, „изборната измама“

Повеќе американски сенатори го повикаа претседателот Барак Обама, кој вчера се врати од 17-дневниот божикен одмор на Хаваите, да реагира по веста дека исламисти поврзани со Ал Каеда го преземале градот Фалуџа во западен Ирак

Брачниот пар Фахрудин и Сејиде Муратовиќ биле убиени од чуварот на нивната куќа и двајца негови пријатели за да ги ограбат. Телата биле закопани во дворот на нивната куќа во египетското летувалиште Хургада соопштила полицијата во Египет

Како што пренесуваат медиумите од светот, близу 40 луѓе останале затрупани под урнатините во индиската држава Гоа; несреќата се случила во Канакон, на околу 70 километри од Панаџија, главниот град на Гоа