Browsing: СВЕТ

Повеќе од 90 претставници на државите ширум светот се упатени кон Јужна Африка, што се очекува да биде најголемиот собир на светските лидери во историјата на Африка; податокот зборува доволно за импактот кој Нелсон Мандела го оставил врз светот

Некои од европските политичари ја обвинуваат Украина односно Јануковиќ дека му ја продава земјата на оној кој ќе понуди повеќе. Москва со закани, а Брисел со погодности ќе продолжи да влече кон своите интереси. Демонстрантите заедно со опозицијата маршираат против Јануковиќ, нив ги врзува желбата за рушење на актуелната власт

ММФ се согласи повторно да ги разгледа условите за продолжување на примената на договорот за заем на Украина со вкупна вредоност од околу 15 милијарди долари. Како што е објавено денеска во Киев реализацијата на аранжман би можела да започне наредните два недели

Тајландската Влада денеска предложи новите избори да бидат одржани на 2 февруари, само неколку часа откако премиерката Јинглук Шинаватра го распушти парламентот во обид да изнајде излез за политичката криза во државата

По добиените информации од високи дипломати од Западот, кои на уредникот на „Економист“ му соопштиле дека Јанукович одлучил да и се придружи на Русија и да се оддалечи од Европа засекогаш, уредникот на „Економист“ објавил серија твитови со кои го крена Кремљ на нозе

Цела Чешка денеска се смее на премиерот Јуриј Руснок и на неговите министри во Владата, кои незнаејќи дека микрофонот пред нив е вклучен разговарале како да избегнат да одат на погреб на Нелсон Мандела