Browsing: СВЕТ

На првиот ден од 2014 стапи на сила Законот за правосудна соработка во казнената постапка меѓу државите членки на Европската унија, што значи дека се активираше европскиот налог за апсење, кој за Перковиќ го издаде Германија

По самоубиствените напади со десетици загинати во Волгоград, претседателот Путин се закани со одмазда на терористите. Нападите се во контекст и закана на ЗОИ во Сочи, велат експертите, а тероризмот го поттикнува и самата држава

Во рамките на истрагата за нападот над украинската новинарка Тетјана Чорновол се уапсени 5 лица, на кои им била изречена превентивна мерка – притвор, а од сведочењата на едниот од нив произлегува дека тој директно и нанел телесни повреди на жртвата соопштил началникот на Главната истражна управа на украинското МВР, Микола Чинчин

Од 1 јануари 2014 година Грција го презема шестмесечното претседавање со ЕУ.
Атина за трошоците од своето раководење одреди рекордно низок буџет од само 50 милиони евра или 10 милиони помалку од Ирска, која ќе и го предаде претседавањето, пренесува Танјуг

Состојбата на германскиот тркачки шампион Михаел Шумахер се подобрува, после операцијата која имаше цел да се намали притисокот врз неговиот мозок. Опасноста се уште постои, не велиме ова е победа, велат докторите