Browsing: СВЕТ

Состојбата на германскиот тркачки шампион Михаел Шумахер се подобрува, после операцијата која имаше цел да се намали притисокот врз неговиот мозок. Опасноста се уште постои, не велиме ова е победа, велат докторите

Aко граѓаните во Германија се ангажирани и политиката остане на курсот, тогаш за Германија и 2014-та година ќе биде добра, оцени канцеларката Ангела Меркел во новогодишното обраќање до граѓаните.

По вториот терористички напад за 24 часа, се огласија и експертите. Тие сметаат дека овие напади се всушност одмазда за ликвидирањето на предводниците на терористичките групи

Според Тајмс овогодишно достигнување на Путин е тоа што го „надигра“ американскиот претседател Барак Обама за Сирија, а Европската унија за Украина, така што го спаси од пропаст сирискиот претседател Башар ал-Асад и му даде закрила на Американецот Едвард Сноуден

Рускиот брод и понатаму стои закован во мразот на Антарктикот. На помош уште пред неколку дена тргнаа кинески и австриски мразокршачи, но сепак е потребно да се почекаат поволни временски услови за бродот да биде извлечен

Безбедносните сили на Египет уапсиле четири луѓе на „Ал Џезира“; дописникот Питер Грест, продуцентите Мохамед Фами и Бахер Мохамед, како и камерманот Мохамед Фази се во притвор откако се уапсени синоќа