Browsing: СВЕТ

Обвинителството, исто така, ги обвини сите 11 преживеани членови на екипажот за небрежност. Против екипажот е покрената кривична истрага, бидејќи се верува дека го напуштиле фериботот пред да им помогнат на патниците

Вонредна состојба поради поплави и временски непогоди е прогласена во пет градови и 13 општини во Србија, соопшти изутринава Министерството за внатрешни работи, додавајќи дека се евакуирани 500 лица

По катастрофалната рударска несреќа во турскиот град Сома, во која загинаа 274 рудари бесот сѐ повеќе е насочен кон владата. Во Анкара и Истанбул имаше и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Уличните сцени во главниот град Анкара и во Истанбул потсетуваат на големите судири изминатото лето, поради градежните планови во Гези паркот во Истанбул

Во изненадувачки потег, весникот Њујорк тајмс објави дека ја заменува извршнaта уредничка Џил Абрамсон- првата жена која го водеше весникот- и тоа веднаш. Дин Бакет, 57, главен уредник на весникот е именуван како замена

Покрај незадоволството од економската состојба и правата на граѓаните, сега опозицијата како главен адут го истакнува случајот „Дивјак“, поточно неуспешниот обид на италијански пилот со авион „Пајпер“ да прошверцува 460 килограми албанска марихуана, што, според опозиционерите, е доказ за нејзините тврдења дека власта е вмешана во шверц на дрога

Шефот на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент, Ханес Свобода оцени дека е реално Србија пристапниот процес за членство во Европската унија да го заврши до 2020 година

Милитантната група од Нигерија, Боко Харам објави видео со киднапираните девојчиња, со порака дека ќе ги преобратат во ислам. Тие порачуваат дека се подготвени да ги разменат за заробени милитанти. Некои од девочињата успеале да побегнат, но околу 200 се уште се наоѓаат во заточеништво.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе го формулира својот став за одржаниот референдум во неделата во украинскиот регион Донецк врз основа на „силата на овие резултати“, истакнал портпаролот на Путин, Дмитриј Песков