Browsing: СВЕТ
Пуси Рајот повеќе не постои, објавија двете членки на бендот денеска, кои до неодамна беа во затвор заради хулиганство. Сакаат да основаат друштво за заштита на правата на затворениците „Зона на правата“, чиј член ќе биде и Алексеј Навални
Претседавачот на бордот на Балканскиот Универзитет и пратеник во турскиот парлемент од владеачката АКП, Хусеин Бурџе потврди дека 4, 5 милиони евра запленети во операцијата на полицијата се пари кои му припаѓаат на Балканскиот универзитет.
Откако во 2004 година Летонија стана членка на ЕУ, од 1. јануари 2014 година влегува и во зоната на еврото, со што ќе стане 18-та членка на таа група
Експлозијата одекнала во центарот на главниот град, близу седиштата на Владата и Парламентот, а според медицинските извештаи повредени се над 70 луѓе
Џејмс е третиот кошаркар, по Лери Бирд и Мајкл Џордан, кој ја добива оваа награда, која се доделува од 1931 година
Капачите ги нападнале риби од семејството паломета, сродни на пираните; на едно седумгодишно дете во болница морале делумно да му ампутираат прст на раката, а на десетици други капачи им настрадале екстремитетите
Заради обилниот снег прекинат е железничкиот сообраќај меѓу италијанското место Пијемонта и швајцарскиот кантон Валис, а на подрачјето на Комо спасени се две лица чиј автомобил им бил однесен при лизгање на земјиште.
Илјада верници присуствувале на мисата кога активистката на Фемен скокнала на олтарот, и ги покажала градите на кои беше напишано „Јас сум Бог“
Ердоган одлучи да замени десет министри, односно половина од својата влада, по што оставки поднесоа тројца министри, чии синови минатата седмица беа уaпасени поради примање на мито
По излегувањето во доцните ноќни часови 14-годишната Киана се обидела да се прикраде во куќата, а нејзиниот очув мислел дека е крадец, па ја застрелал со два куршуми еден во стомак, друг во градите. Починала на лице место
Привремената влада на Египет го именува Муслиманското братство како „терористичка организација“; овој потег доаѓа еден ден откако владата, поддржана од армијата, ја обвини организацијата за бомбардирањето на полициската станица во кое загинаа 14 луѓе
Реџеп Тајип Ердоган во своето обраќање пред локалните лидери на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) се огради од министрите кои денеска поднесоа оставки, потенцирајќи дека неговата партија „останува решителна во борбата против корупцијата“
