Browsing: СВЕТ
Традиционалната воена парада во Москва по повод одбележувањето на годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна, претседателот на Русија, Владимир Путин ја искористи за да ја поздрави „силата на триумфалниот руски патриотизам“
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони кој беше осуден на една година општествено корисна работа, денеска започнува со издржување на казната во старечки дом во Милано
Триесет и шест годишнен албански државјанин успеал „на филмски начин“ да побегне од италијанскиот затвор „Паглиарели“ во Палермо
Во исто време, Путин ги повика властите во Киев веднаш да ја прекинат безбедносната операција во источна Украина која има цел враќање на контролата врз градовите што ги држат сепаратистите
Одбивање на дијалог со Русија во однос на случувањата во Украина, би било голема грешка, порача шефот на германската дипломатија Френк-Валтер Штајнмаер во интервју за полси Газета виборч, нагласувајќи дека заканите од нови поделби во Европа се реални
Субрата Рој останува зад решетки, откако Врховниот суд на Индија не одобри ослободување со кауција на индискиот бизнисмен Субрата Рој кој е во затвор од 4-ти март
Загина еден од нуркачите кој учествувал во потрагата по потонатиот траект во Јужна Кореја; нуркачот -волонтер ја загубил комуникацијата 25 метри под водата, пет минути по неговиот скок
Над 20 лица загинаа во вчерашните интензивни борби меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во реонот на градот Славјанск во источна Украина, јави „Раша тудеј“. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти има жртви и меѓу цивилното население
Четири украински војници се убиени, а еден воен хеликоптер соборен од про-руски милитанти во близина на источниот град Словијанск, вели официјален Киев
Елена Балтача, британската тенисерка која прерано го напушти тенисот во Ноември минатата година, почина на 30 години од рак на црниот дроб
Претседателот Гудлак Џонатан побара меѓународна помош во истрагата за 276-те киднапирани девојки, за што е осомничена организацијата Боко Харам; тој побара помош од Барак Обама, а се обрати и до лидерите на Велика Британија, Франција и Кина
Еврокомесарот за проширување истакна дека Брисел ја поддржува Србија на европскиот пат и нагласи дека три главни приоритети стојат на патот кон Европа: економското закрепнување и реформите во земјата, зацврстување на владеењето на правото и нормализација на односите со Приштина















