Browsing: СВЕТ

Американскиот претседател Барак Обама отпатува во Јужна Кореја во рамки на неговата турнеја низ Азија. Неговата посета на Сеул доаѓа во време на зголемени тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја

ЕУ мора да даде нови импулси во политиката за процесот на проширувањето и да покаже поголема европска перспектива за државите од Западен Балкан, изјавил во четвртокот шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц

Турскиот универзитет „Мармара“ ги демантира тврдењата дека премиерот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган го нема неопходното високо образование за да се кандидира за претседател на земјата. Универзитетот објави соопштение, кое е придружено со копија од дипломата на Ердоган

Украинските безбедносни сили убија пет вооружени лица за време на операцијата која требаше да ги острани про-руските блокади во Славјанск, соопшти украинскиот министер за внатрешни работи

Вооружени лица отвориле оган врз украинска воена единица во текот на вечерта околу регионот на Доњецк…безбедносните сили возвратиле со пукање, а воените објекти се под контрола на украинската војска, тврди украинското министерство

Предлозите за измени во законот за влада и министерства предвидуваат новата влада да има 16 министерства; Според Зоран Бабиќ од Српска напредна странка, 16-те министерства ќе бидат одраз на економската состојба на државата и заштедите кои мора да се направат

Амнести Интернеш’нел, британската организација за човекови права, го обвини Катар за неуспех да ги заштити работниците-мигранти, тврдејќи дека тие се изложени на голем ризик и се под притисок на работодавачите

Актуелниот претседател на Украина, Олександар Турчинов побара обнова на анти-терористичките мерки низ земјата, откако откриени се две измачувани тела близу градот Славјанск

За само неколку дена 2.000 луѓе се потпишаа на електронската петиција во која изразуваат несогласувања со организаторот на одборот на новосадскиот фестивал на тамбурашите, за настап на Цеца Ражњатовиќ