Browsing: СВЕТ
Забраната на судот е донесена само неколку дена по склопувањето на првите хомосексуални заедници во Камбера чија општина гласаше во корист на истополовите бракови
Јансен-Силаг го платил својот конкурент Сандоз за да не влезе на пазарот. Фирмата платила суми кои се повисоки од оние кои Сандоз можел да ги заработи со продажба на лек за канцерогени пациенти.
Ноќеска телото ќе биде вратено во мртовечница за наутро повторно да биде изложено за сите кои сакаат да му оддадат почит на симболот на апардхејдот. Меѓу оние кои му оддадоа почит се неговата вдовица Граца и претседателот на земјата Јакоб Зума
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ му испратил предлог на претседателот на Саборот Јосип Леки во Уставот да влезе дека „животните заедници различни од бракот имаат право на семеен живот и негова заштита“, објавува хрватски „Нови лист“
Папата Францис е прогласен за Личност на годината од страна на магазинот Тајм. За време на неговите девет месеци на функцијата, папата го извлече “папството од палатата и го префрли на улиците”, рече уредничката Ненси Гибс
Специјалните единици на украинската полиција денеска се повлекоа од Плоштадот на независност во Киев од кој изутрината беа растерани антивладините демонстранти. Припадниците на полицијата со автобуси го напуштиле плоштадот
Вицепремиерот на Русија Димитриј Рогозин изјави дека во случај на напад Русија ќе користи атомско оружје за одбрана
Со регулирање на продажбата на марихуана, Владата се обидува да го загрози црниот бизнис и да го спречи финансирањето на криминалните картели
Погребната поворка која ги следеше посмртните останки на Нелсон Мандела стигна во седиштето на владата во Преторија, а поворката по улиците ја сочинуваа илјадници луѓе кои сакаа да му одадат последна почит на херојот во борбата против апархеидот
Американскиот претседател Обама, британскиот премиер Камерон и данската премиерка Торнинг-Шмит, ја искористија комеморацијата за Мандела за заедничка фотографија, со што предизвикаа реакции и критики
Денеска во Осло, Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО) ја прими Нобеловата награда за мир за 2013 година
Група од 562 автори денес, на Меѓународниот ден на човекови права потпишаа петиција за крај на надзорот што се спроведува од страна на владите и приватни корпорации кои се здобиваат со лични информации на луѓето
