Browsing: СВЕТ

Актуелниот министер за надворешни работи на Украина, Андри Дешчитсија пред Советот на Европа ја потврдил посветеноста на Украина да ги имплементира реформите и да се зацврсти состојбата со човековите права

Сопругата на српскиот претседател и Фондацијата „Драгица Николиќ“ со кампањата „Да не има повеќе“ ќе ги охрабруваат жените во Србија да се одлучат на раѓање, а воедно ќе апелираат за подобрување на условите со породилните сали

Дванаесет припадници на расформираната украинска специјална единица „Беркут“ се приведени под сомнение дека пукале кон учесниците на антивладините протести кои се случуваа низ улиците на Киев

Петмина загинати, ова се последните информации по силниот земјотрес што го погоди Пацификот во северниот регион на Чиле, а властите им наредија евакуација на крајбрежните области во случај на цунами

Со денешното покачување на цената за над 40 насто заврши попустот договорен пред политичката криза во Украина во која од власта беше остранет претседателот Виктор Јанукович, поддржан од Москва, а Русија пак изврши анексија на украинската област Крим

Потенцијално за да го олесни дипломатскиот ќор-сокак со Запад, рускиот претседател Владимир Путин и кажал на канцеларката на Германија дека тој во понеделник наредил делумно повлекување на руските војници од пограничната област на неговата земја со Украина

Францускиот претседател Франсоа Оланд го именуваше министерот за внатрешни работи Мануел Валс како нов премиер.Владејачките социјалисти на Г-дин Оланд се поразени по локалните избори на кои имаат големи добивки конзервативците и екстремно десничарскиот Национален Фронт

Рускиот премиер Дмитри Медведев претседава со седницата за социјален и економски развој на Крим во Симферопол; Џон Кери и Сергеј Лавров не постигнаа договор за Украина; Киев го одби предлогот на Москва за федерализација на Украина

Новак Ѓоковиќ го победи светскиот рекет број еден Рафаел Надал во финалето на Сони Опен во Мајами. Србинот, 26, победи со 6-3 6-3 и го однесе неговиот четврти Мајами трофеј, со што сега е подобар во победите од Пит Сампрас и два трофеја е зад Андре Агаси во листата на победници на сите времиња