Browsing: СВЕТ
Рускиот претседател Владимир Путин му телефонираше на американскиот претседател Барак Обама за да разговараат за предлогот на САД за дипломатско решение на кризата во Украина, објави Белата куќа. Обама сугерираше Русија да стави конкретен одговор во писмена форма
Норвешкиот екс-премиер Јенс Столтенберг е именуван како нов генерален секретар на НАТО, на местото на досегашниот Данец Андерс Фог Расмусен.Тој ќе ја преземе функцијата како лидер на 28-члената воена Алијанса во октомври, кога Расмусен заминува по самитот на НАТО во Велс
Соборениот украински претседател Виктор Јанукович во своето денешно јавно обраќање предложи место предвремени претседателски избори, во Украина да се оддржи сеукраински референдум и воедно ја замоли Партијата на регионите да го исклучи од нејзините редови
Индиски теретен авион C-130Ј Херкулес се урна денеска во централната индиска држава Мадја Прадеш, во градот Гвалиор, соопшти портпаролот на индиските авио сили. Сервисот на шпански јазик на „Раша тудеј“ јави дека овој авион учествувал во потрага по исчезнатиот авион MH 370
Со 100 гласа „за“, 11 „против“ и 58 „воздржани“, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Резолуцијата со која се прогласува за неважечка руската анексија на украинскиот полуостров Крим
Турција донесе „административна одлука“ да го блокира пристапот на своите граѓани до ЈуТјуб, јавува агенцијата Анадолу
Јулија Тимошенко беше премиерка на Украина во два мандата; По повеќе од две години во затвор, таа во февруари годинава беше ослободена по соборувањето од претседателската функција на Виктор Јанукович
Уште еден сателит долови фотографии од пловечки предмети во јужниот дел на Индискиот Океан; ќе се испитуваат утре бидејќи временските услови ја отежнуваат истрагата
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека околу 53 % од залихите на сириското хемиско оружје е уништено или преместено
Папата Францис утрово во Ватикан оствари средба со американскиот претседател Барак Обама, што воедно е и прва средба откако Францис во 2013 стана поглавар на Римокатоличката црква
Според високиот функционер за национална безбедност на САД, Бен Роудс, Обама бил инспириран од поглаварот на Римокатоличката црква и начинот на кој тој ги мотивира луѓето низ светот со своите пораки за еднаквост
САД и ЕУ разговараaт за “подлабоки санкции” против Русија, ако постојат “дополнителни упади во Украина”. САД и Европа признаваат дека санкциите би можеле да имаат пошироки глобални импликации, особено за оние земји кои се потпираат на руската нафта и природен гас















