Browsing: СВЕТ
Гигантот за лекови Џонсон и Џонсон се согласи да плати повеќе од 2.2 милијарди долари за да се спогоди за обвинувањата за неговите маркетинг- техники, со кои платила стимулации за лекарите и аптеките да се промовираат три лека
Весникот образложува дека е малку веројатно оти двете партии во владината коалиција – Нова демократија и ПАСОК, ќе можат да соберат 180 гласа во Парламентот за да изберат претседател на земјата и да избегнат предвремени парламентарни избори
Тој денеска прв пат се појави во јавноста во полициската академија во источен Каиро, откако беше соборен на 3 јули. Доколку биде осуден, Морси – првиот претседател избран на демократски начин, може да се соочи со смртна казна
Со оглед на моменталната ситуација во Сирија, честите движења на населението во регионот и големите „дупки“’ во имунизацијата во клучните области, ризикот од меѓународно ширење на дивиот полио вирус тип 1 во регионот се смета за висок предупредува СЗО
Повикот да се воведе поцврста контрола на работата на државните разузнавачки агенции покажува дека исправно постапив кога ги обелоденив методите и целите на американските тајни служби, оценува Едвард Сноуден
Околу 1.500 слики со непроценлива вредност, меѓу кои оние на Пикасо и Матис, кои нацистите им ги одзеле на Евреите, пронадени се во еден стан во Минхен
Кандидатот за градоначалник на Косовска Митровица СДП, Оливер Ивановиќ оцени дека инцидентите кои ги одбележаа изборите на Косово се „политичко насилство и вандализам“ и дека најдобро решение е изборите да се повторат, но во догледно време
Соборениот исламистички претседател Мухамад Морси денеска бил префрлен во Полициската академија во Каиро каде што треба да почне судењето против него
Морси, кој е првиот демократски избран шеф на државата во историјата на Египет, се наоѓа во притвор на тајно место, а денешното појавување пред суд ќе биде прво негово излегување во јавноста откако е уапсен во јуни годинава
Новак Ѓоковиќ вчера доби прегратка од Златан Ибрахимовиќ за неговите напори со Федерер и го покани на краток меч. Денеска, по победата над Ферер, синот на Ибро го доби рекетот на Ѓоковиќ
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го порази бранителот на титулата Давид Ферер со 7:5, 7:5 за да однесе победа на Парискиот мастерс по возбудливото финале на арената Берси
Француското министерство за надворешни работи потврди дека двајца француски новинари биле убиени во Мали, откако биле киднапирани од вооружена група