Browsing: СВЕТ

Според наводите, помеѓу другото, американскиот пакет вклучувал и помош за пристапување на Албанија во ЕУ во текот на првиот мандат на владата на Еди Рама, како и гаранција за давање специјален статус за Албанија за укинување на визите за во САД

Полскиот министер за транспорт Славомир Новак поднесе оставка поради луксузен часовник, кој не го пријавил во имотната состојба. Обвинителството побара од Парламентот да му го одземе имунитетот на Новак, на кого ќе му се суди и за пријавување на лажни податоци за имотната состојба

Собирите во Палермо, Торино, Рим, Болоња и други градови во Италија, во знак на протест на италијанските студенти, против планираните мерки за штедење на Владата во областа на образованието, прераснаа во судири со полицијата

Ваквата одлука на албанските власти беше донесена по неколкудневните протести на граѓаните кои жестоко се спротивставија на барањето на САД околу илјада тони сириското хемиско оружје да биде уништено во нивната земја

„Уметности и занаети од грчката антика: Избрани наоди од кралската некропола во северна Грција“ е насловот на изложбата, со фотографии од пронајдоците и историјата на Кралските гробници на Вергина

Граѓани од Албанија, Македонија, Италија и од Соединетите Американски држави се најчестите потписници на петицијата против уништувањето на хемиското оружје од Сирија во соседна Албанија, во очи донесувањето на одлуката на официјална Тирана

Според американските претставници, ниеден од материјалите објавени од Викиликс немал поголема ознака од „доверливо“, додека документите на НСА обелоденети од Сноуден имале ознака „строго доверливи“ или пак имале печат за максимална тајност

Откако по грешка беше убиен командант на сунитските бунтовнички групи, бунтовниците во Сирија поврзани со Ал Каеда бараат „разбирање и прошка“ бидејќи во објавена снимка, триумфално ја прикажаа главата на егзекутирана личност за која мислеле дека е непријател

Сопругот на членот на Пуси Рајот Надежда Толокникова изјави дека разговарал со неа за прв пат откако таа исчезна 26 дена. Петар Верзилов рече дека неговата сопруга била во затворската болница во западниот дел на Сибир

Во вторникот излезе автобиографијата на легендарниот боксер Мајк Тајсон, со наслов „Неоспорена вистина“, во која зборува за зависноста од дрога, загубата на големото богатство, за алкохолот