Browsing: СВЕТ

Во акцијата за сузбивање на злоупотреба на постапката на увоз и царинење на стока, денеска се уапсени 15 лица, од кои 13 цариници. Цариниците се сомничат за злоупотреба на положбата при што го оштетиле буџетот на Србија за околу 250 милиони динари

На предната страна е ликот на Бенџамин Френклин, а на задната страна е салата на независноста во Филаделфија. Новата банкнота ќе содржи и низа нови детали

„Не можам 100 проценти да гарантирам дека тоа ќе биде така, бидејќи и порано се договаравме, но ништо од договореното не беше досега спроведено”, изјавил Дачиќ, но не прецизирал кога точно и тој самиот ќе го посети Косово

Групата од околу сто експерти ќе мораат да останат во Сирија една година за да го надгледуваат уништувањето на хемиското оружје во рамките на мисијата која е опасна без преседан, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун

Вчера попладнето во Вукoвар, Хрватска повторно беа тргнати трите двојазични табли на српски и хрватски јазик: Од зградата на Државниот инспекторат, Хрватскиот завод за вработување и Заводот за пензиско осигурување

Најмалку 22 лица беа убиени и 67 повредени во серија напади, извршени вечерва во мало временско растојание во ирачката престолнина Багдад.

Најмалку 28 луѓе загинале и стотици други се повредени во денешните пресметки во Египет помеѓу приврзаниците на соборениот исламистички претседател Мохамед Морси и полицијата, соопшти претставник на тамошното министерство за здравство

Мерките за економско опоравување ќе бидат тешки, бидејќи Србија е пред банкрот, предупреди денес вицепремиерот на Србија, Александар Вучиќ