Browsing: СВЕТ

Повеќе американски сенатори го повикаа претседателот Барак Обама, кој вчера се врати од 17-дневниот божикен одмор на Хаваите, да реагира по веста дека исламисти поврзани со Ал Каеда го преземале градот Фалуџа во западен Ирак

Брачниот пар Фахрудин и Сејиде Муратовиќ биле убиени од чуварот на нивната куќа и двајца негови пријатели за да ги ограбат. Телата биле закопани во дворот на нивната куќа во египетското летувалиште Хургада соопштила полицијата во Египет

Како што пренесуваат медиумите од светот, близу 40 луѓе останале затрупани под урнатините во индиската држава Гоа; несреќата се случила во Канакон, на околу 70 километри од Панаџија, главниот град на Гоа

Јунал Боздаг бил назначен за главен консултант на Министерството по наредба потпишана од министерот, премиерот и претседателот, што била објавена во службен весник.
Бекир Боздаг, кој е поранешен вицепремиер, беше избран за министер за правда при реконструкцијата на владиниот кабинет на 25 декември

Најбогатите Американци донирале 3,4 милијарди долари за хуманитарни цели во текот на 2013 година. Од нив, најголемите донации ги направил основачот на „Фејсбук“ Марк Цукерберг заедно со својата сопруга, кои дале 992,2 милиони долари во хумани цели