Browsing: СВЕТ
Украинската фабрика за бродови „Дунав“ предупреди дека нејзините бродови на Дунав често се цел на напади на српските и романските пирати. Фабриката објавува дека романските и српските власти не прават ништо за да го спречат овој вид на криминал
Популарноста на американскиот претседател Барак Обама никогаш не била толку ниска, покажуваат резултатите од истражувањето според кое мнозинството Американци претседателот го сметаат за нечесен и сметаат дека тој не ја оправдал низвната доверба
Едвард Сноуден не беше платен за откривање на тајните информации, сето тоа го правеше поради алтруизам, без финансиска корист, изјави адвокатот на поранешниот соработник на НСА
Познатиот руски Бољшој театар повторно го тресат скандали откако Американка која до неодамна беше балерина во Бољшој го обвини раководството дека и биле побарани 10.000 долари за да игра соло точка на сцената
Вчера избија нереди помеѓу полицијата и манифестантите а четири лица беа повредени. Изутрината неколку стотици студенти кои штрајкуваат, поддржани од повеќе протестанти кои манифестираат, се обидоа да го блокираат влезот во парламентот.
Гугл патентираше електронски привремена тетоважа која со налепница би се ставала на грлото и корисникот со помош на неа би комуницирал со паметните телефони, уреди за игри, и други гаџети како очилата на Гугл
Претседателот на хрватската Стопанска комора, Надан Видошевиќ кој вчера беше уапсен, имал тајна соба во куќата со колекција на вредни уметнички дела, која ја пронашла полицијата, а за која Јутарњи лист тврди дека е најголемата збирка на “на слики на Балканот”
Српскиот министер за економија Саша Радуловиќ напиша авторски текст во весникот “Недељник”, кој го нарекуваат бомба: Приказната за странски инвеститори е капитална глупост и конечно фокусот треба да биде ставен на локалните бизнисмени
Европската народна партија (ЕНП) во вторникот го именуваше Жозеф Дол за свој нов претседател откако минатиот месец почина дотогашниот претседател Вилфрид Мартенс.
Родителите на малиот Хајрудин биле договорени за средбата со фудбалерот на 1 ноември, но кога семејството стигнало на стадионот во Париз, им било кажано дека ѕвездата на Парис Сен Жермен е повреден и нема да може да си го исполни ветувањето.
На Косово била уапсена група од шестмина косовски Албанци, која е осомничена за организирање терористички напади. Полицијата претпоставува дека групата е поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, пишува приштинскиот весник „Зери“.
Претседателот на Филипини, Бењино Акино Трети прогласи состојба на национална катастрофа. Супер тајфунот „Хаијен“ остави пустош и усмрти околу 10.000 луѓе















