Browsing: СВЕТ
Групите за граѓански права во САД изразија разочарување oткако чуварот на соседството Џорџ Цимерман беше прогласен за невин за убиство на црниот тинејџер Трејвон Мартин во Флорида минатата година
Боливискиот претседател Ево Моралес ги обвини САД дека ја хакирале електронската пошта на службениците на Владата на јужноамериканската земја, а тој самиот токму поради тоа не користел е-мејл
Мајките на жртвите во Сребреница се повредени при обидот да влезат во Кравиц каде што семејствата на жртвите дошле да одадат почит на најмилите, но полицијата на Република Српска се обидела да ги спречи
Франција се подготвува за одбележување на Денот на Бастилја додека истрагата продолжува за најтрагичната железничка катастрофа за 25 години во земјата
Се судрија патнички автобус и камион на периферијата на Москва, загинаа 18 лица, меѓу кои едно дете, а 20 се повредени, од кои десет се во критична состојба.
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во среда пристигнува во Белград, а веќе следниот ден ќе има состанок со техничките тимови од секое поглавје. Засега се шпекулира дека најмногу работа ќе има во поглавјата 23 и 24 (човекови права и борба против корупција)
Турските новинари се под силни притисоци. Голем број од нив се приведени, а оние кои застанаа на страната на демонстрантите во известувањата, беа соочени со откази или принудени сами да си заминат
САД ја обвини Русија за давање на “пропагандна платформа” на бегалецот- американскиот разузнавачки протекувач Едвард Сноуден
Десетици полицајци и пратеникот Најџел Додс биле повредени за време на шестчасовните нереди во Белфаст
Најмалку седум лица загинаа, а десетици други беа повредени кога воз излета од шините во Бретини-сур-Орж
11-годишно девојче, кое медиумите го нарекоа Белен останала бремена откако беше силувана од очувот. Во Чиле абортусот е забранет со закон
Незадоволните работници во Чиле кои бараат промени во системот за наплата на даноците, и утврдување на новиот износ на минимална заработка, ги гаѓаа полицајците со камења и противпожарни апарати, на што им беше возвратено со водени топови и солзавец
